Podravka инвестира во стартап: GammaChef е хрватски робот-готвач

GammaChef е робот-готвач кој може да зготви јадење без надгледување од корисникот. Роботот е дело на Дражен Дрнас и Џулијано Нола кои го креираа на хакатонот Idea Knockout. Идејата за робот-готвач е комбинација на нивната страст за храна и за технологија.

Креаторите на роботот сега можат да се пофалат дека најдоа стратешки партнер, хрватската компанија Podravka. Освен инвестицијата во GammaChef, Podravka работи и на развој на садови за еднократна употреба за GammaChef, јави Netokracija.

Готвачот е поврзан на интернет, па не само што може да ги пронајде рецептите онлајн, туку може и да се активира за готвење. За GammaChef да научи да готви некое јадење, најпрво некој треба да го зготви на апаратот. Роботот ги помни сите чекори и потоа само ги репродуцира.

„Вложувањето во GammaChef  е прво влжување на Podravka во технолошки стартап, со амбиција да продолжиме да вложуваме во перспективни проекти од овој тип. Свесни сме за потенцијалните ризици со оглед на непредвидливоста и неизвесноста на пазарот. GammaChef е компанија која понуди иновација и промени во подготвувањето на јадењето, што е е во наш фокус и веруваме дека пазарот ќе го препознае.“, вели Ѕвонимир Мршиќ од Podravka.

Продуктите потребни за да се зготви едно јадење се чуваат во мини фрижидер поставен на роботот. Ова овозможува кога корисникот ќе пристапи од апликацијата да му биде презентирана единствено храна за која има состојки. GammaChef може да зготви куп јадења: од рижото, до најразлични чорби.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии