Според извештајот на светската здравствена организација и светската банка, во 2015 година имало над 400 милиони луѓе кои немале пристап до основни здравствени услуги. Дополнително, истражување од World Health Organization предвидува дека во наредните десетици години светот ќе се најде во ситуација каде ќе недостасуваат скоро 13 милиони здравствени работници, што значи дека процесот на испорачување здравствени услуги, барем оние основните, би морал да биде потпомогнат од вештачката интелигенција.

Со оглед на огромната распространетост на мобилните направи, логично е да се побара решение токму со оваа направа и соодветните апликации кои го искористуваат напредокот на вештачката интелигенција и процесирањето податоци како во сферата на истражување, така и во дијагностицирањето, сè со цел да се понудат соодветни здравствени советувања во области каде таквото нешто е тешко остварливо.

Како дел од mHealth иницијативата, ви стојат на располагање AI-напојувани асистенти кои се вдомени или преку независни апликации или пак се интегрирани во популарните апликации за социјализација. Самите корисници се допишуваат со апликациите и, на начин сличен како со вистински доктор, им ги кажуваат симптомите кои ги искусуваат за да добијат соодветни појаснувања и препораки. За прецизно дијагностицирање на проблемот, AI асистентот би можел да постави соодветни прашања, а и да се консултира со вашата здравствена историја. Благодарејќи на технологиите за природно процесирање на јазикот (Natural Language Processing and Guidance), ваквата комуникација помеѓу пациентот и асистентот не е затворена зад нефункционални кориснички интерфејси и знае да биде флексибилна и пријателски настроена.

Ada e една таква апликација. Преку разговорниот систем, асистентката им помага на пациентите да ги откријат причините за нивните симптоми. Имено, Ada ве води преку поставување прашања, како дали имате грозница, на кои вие обично одговарате со Да, Не, Не знам, Што тоа значи. За сервирање соодветно дијагностицирање и можно решение, Ada влече знаење од огромна база која покрива илјадници симптоми и наоди, но и се консултира со вашата медицинска историја, доживеани симптоми и фактори кои се ризик за вас.

Your.MD е AI асистент кој оди еден чекор понапред и ги доставува причините и решенијата за одредени здравствени проблеми или преку соодветната, независна апликација или пак како интегриран дел од платформите како Facebook Messenger или Skype.

AiCure, пак, е апликација која користи напредни AI алгоритми и процесирање слики за да го надгледува и контролира земањето лекарства, а Flo се труди точно да ги предвиди циклусите на менструација и овулација.

Знаејќи го сево ова, корисникот се наоѓа на раскрсница.

Од една страна, ваквите AI напојувани асистенти се способни да им служат на милиони луѓе, без просторни или пак временски ограничувања. За поситни, основни здравствени потреби, се искоренува негативната страна на закажување термин, а и се намалуваат трошоците кои произлегуваат од далечинска поставеност. Според извештај нa британскиот национален сервис за здравство, во 2011 година се евидентирани 57 милиони консултации за ситни болести, проблеми кои би можеле да се искоренат со самостојна грижа.

Од друга страна, психолошката слика за овие асистенти би можела да загрижи и, како резултат, многумина корисници целосно да ја исфрлат потребата од закажување термин кај доктор само затоа што Ada ми кажа дека не е ништо страшно, ќе ми помине. Правилна перцепција и разбирање дека тешко се проценува контекстот и вистинската ситуација на пациентот е повеќе од потребна, особено кога се работи за интеракција со вакви AI асистенти. Во моментот, тие се интересно информативно средство, но никако не можат да ги заменат лекарите. Самите доктори имаат пристап до уникатни предности кои не можат да се најдат кај AI асистентите.

„Лекарите се одликуваат со емпатија, директно ве набљудуваат, можат да го слушнат вашето дишење, да земат примерок од крвта и многу повеќе“, објаснува претставник од Your.MD. „ Во тој поглед, докторите и сестрите располагаат со поширок спектар од елементи со кои можат да ја оценат вашата состојба“.

Сепак, mHealth AI асистенти се чекор во вистински правец и нивната употреба значително го намалува ризикот од варварското само-дијагностицирање преку пребарувачки енџини. Како што споменавме, преку имплементација на напредни алгоритми, повеќето вакви апликации влечат податоци и од вашата здравствена историја и финалниот резултат е всушност индивидуализирана анализа и попрецизно решение кое, повторуваме, би требало да биде само од информативен карактер, додека се чека за закажан термин кај вистински лекар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии