Подобро здравје на децата со Health for Kids

Тука и таму, ќе наидеме на најразлични истражувања кои го поврзуваат времето поминато пред екран со дебелина и депресија. Но, како меч со две острици, огромен број истражувања го тврдат сосема спротивното. За ова, и за многу други работи. Кога се работи за здравјето на вашите деца, никогаш не можете да бидете премногу сигурни и одредени правилни запознавања се исклучително корисни.

Британскиот сајт Health for Kids е сајт со шаренолик дизајн кој е замислен да ги охрабрува и информира децата од 4 до 11 години за водење здрав живот и правилна интеракција со светот околу нив. Преку серија од пријателско настроени другарчиња, младите посетители можат да истражуваат теми за стоматолошка грижа, правилно миење раце, важноста на тестовите на крвтта, правилна исхрана, како и ментално здравје и болести.

Health for Kids е детален и исклучително корисен сајт кој ги пласира податоците на едноставен англиски јазик, а често нуди игри и бројни квизови кои ќе ги тестираат познавањата на вашите деца на начин кој е визуелно прифатлив за нивната возраст.

2 коментари на “Подобро здравје на децата со Health for Kids

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии