Подобро писмено изразување со вештачката интелигенција зад Word Tune

На прв поглед, Word Tune лесно би можел да се дефинира како интересна алтернатива на Grammarly.

Word Tune е апликација напојувана од вештачката интелигенција и има цел да ви помогне подобро да ја изразите вашата мисла при писмена комуникација. Таквото нешто се остварува со проверка на граматиката и вокабуларот кој го употребувате во вашите реченици низ Gmail, Google Docs, Outlook, WhatsApp, Slack, но и низ социјалните мрежи.

Предлозите кои ги добивате се засноваат на најчесто употребувани реченици на интернет за искажување на истата мисла. На располагање имате две корисни икони, trainer (патика) и briefcase (актовка), преку кои можете да добивате препораки кои се професионално или разговорно ориентирани. За да добиете соодветен предлог, потребно е да кликнете на збор, фраза, или реченица. Во одредени ситуации, како при користење Gmail, лентата со алатки си има нејзино место во просторот и полесно доаѓате до саканите акции.

За жал, целосните потенцијали на Word Tune не се бесплатни и бараат 10 долари месечно. Добрата страна е тоа што имате бесплатна верзија која ви дозволува употреба на две алатки. Со Rewrite можете да изнаоѓате нови начини за промени на реченици, а со Word Explorer ви се сервираат алтернативни зборови и фрази.

Како екстензија за прелистувачот Chrome, Word Tune има над 20 000 корисници, но, интересно, само 48 рецензии кои ѝ даваат просечна оценка од 4.7.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии