Подобро читање страни преку Chrome со Simply Reader

Многумина веб сајтови знаат значително да го загрозат севкупното искуство на посетителите со бројните наметливи реклами. Рекламирањето е сосема во ред, но не и кога за да дојдете до саканата информација постојано сте бомбардирани со тврдоглави реклами и непотребни елементи од сајтот. Ова знае да биде двојно проблематично кога набрзина сакате да отпечатите одредена страна и не можете да ги отстраните непотребните елементи.

Simply Reader е екстензија за прелистувачот Chrome и ви дозволува да го „читате интернетот со задоволство“. Откако ќе се насели екстензијата во вашиот прелистувач, секојпат кога ќе посетите одреден сајт, можете да кликнете на соодветната икона или да притиснете комбинација од Ctrl + . (точка). Со ова, инстантно ќе се отстрани сè што не е текст и слики од онлајн текстовите, а вие ќе можете да ја впиете саканата информација без непотребно да бидете малтретирани со дополнителни работи.

Сервирањето на прочистените статии е со некој од четирите понудени фонтови и тоа во најразлични големини, како и во некоја од три теми (светла, темна или сепија). Simply Reader има поддршка за кирилица, а за да се вратите на целосната верзија, потребно е да ја повторите истата команда, односно Ctrl +. или Cmd +).

PC Gamer во целата негова слава1

Истиот текст преку Simply Reader

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии