Подобра оптимизација на Guild Wars 2 и преселба во DirectX 12 со Addon Manager

Guild Wars 2 e една од нашите омилени ММО игри и не штедиме пофални зборови кога треба да се препорача еден сеопфатен пакет на интерактивна забава. Но, Guild Wars има една огромна мана, а тоа е лошата оптимизација на енџинот и константната побарувачка за исклучително моќна машина. Заснована на DirectX 9, GW2 бара исклучително моќен процесор (од i7 генерацијата), како и неверојатни 24GB RAM. Барањата се задолжителни само доколку сакате да се приближите кон исполнување на максималните графички потенцијали на една игра која, верувале или не, веќе е добри осум години стара. Во поглед на рачна оптимизација на играта, единствено нешто што драстично помага во зголемување на FPS, е целосно намалување на опцијата Character Model Limit. Со ставање на оваа опција на lowest се намалува бројот на NPC и вистински играчи кои можат да се прикажат во дадено време, но фрејмовите знаат значително да пораснат и да го направат уживањето поголемо.

this game has amazing graphics : Guildwars2

Како со Addon Manager да направите транзиција на Guild Wars 2 во DirectX 12?

Addon Manager e феноменална алатка која се одликува со неколку од најчесто користените модови. Еден мод, GW2 Radial, имплементира кружно мени преку кое брзо и ефикасно избирате животно за јавање. Друг мод, ARCDPS дава одличен увид за тоа како се борат вашите сопатници, за да можете правилно да ги водите во промена на нивните механики низ попредизвикувачки битки. Трет мод, нашиот омилен, се вика D912pxy и е всушност алатка која дозволува Guild Wars 2 да користи DirectX12. Addon Manager кој треба да биде во истиот фолдер во кој се наоѓа фолдерот на играта (ако играта е во C/ Program Files, потребно е да создадете нов фолдер во Program Files и тука да го сместите управителот). По негово префрлување и покренување избирате кои додатоци да се инсталираат, кликнувате на update и нормално си ја започнувате играта.

D912pxy значително помага за повисоки и стабилни FPS во играта, но само доколку имате хардвер кој е способен да излезе во пресрет на предизвикот. Имено, една наша конфигурација со GTX 1060 и 16GB RAM допринесе до значително поубаво и пофлуидно опкружување, нешто што не беше ни приближно можно пред активирање на алатката. На еден постар гејмерски лаптоп, со графичка карта GeForce 960m, додатокот само допринесе до значително пониски фрејмови и полошо искуство и подобро беше да се деактивира. Со оглед на специфичноста на хардверот и едноставноста на алатката, наш совет е да не се плашите да направите краток експеримет и да видите дали е подобро или полошо. Во најмала рака, активирајте го Radial додатокот за полесно повикување на суштествата за јавање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии