Подобар увид во Firewall безбедност со WFC5

За безбедност од повисок степен, firewall го контролира интернет сообраќајот во и надвор од вашиот компјутер. Windows оперативните системи, особено 10, доаѓаат со вакви „огнени ѕидови“, но побарајте поголема контрола и нешто повеќе од надгледување на дојдовниот сообраќај и шансите се дека ќе бидете разочарани.

Windows Firewall Control ги проширува можностите на оваа, веќе вградена алатка и ви нуди поголема слобода, како во поглед на филтрирање, така и во поглед на поставување соодветни правила. Па така, со високиот режим ќе ги блокирате сите дојдовни и појдовни конекции, средниот ќе дозволи појдовни конекции кои се одобрени според правилата кои претходно сте ги одредиле, а нискиот режим ќе им даде зелено светло на појдовни конекции кои не се поклопуваат со правилата. Долната, No Filtering опција го исклучува Firewall.

Последната, петта верзија на Windows Firewall Control исправа бројни проблеми, а и воведува неколку ситни новитети, како прикажување на локацијата преку која се приклучува Windows Firewall.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии