Подобар сон и повеќе енергија со Rise: Sleep Better

Тешко заспивате, а уште потешко се будите? Потполно ве разбираме. Во еден или во друг дел од животот таквата емоционална исцрпеност знае да се прикраде кон модерниот човек. За подобро справување со ваквите предизвици, би можеле да пробате неколку работи, кои, првенствено, мора да бидат советувани од вашиот лекар. Но, во исчекување на таквото нешто, би можеле да се консултирате и со апликацијата Rise: Sleep Better.

Rise: Sleep Better е апликација која се заснова на научни истражувања поврзани со сонот. Како таква, апликацијата е замислена да ви помогне не само подобро да спиете, туку и полесно да се будите во раните утрински часови. Rise: Sleep Better се формулира околу четири техники за спиење и, за исполнување на ултимативната цел (добар сон), нуди 120 вежби. Со овие вежби, корисникот би требало да биде порелаксиран и полесно да заспие. Предностите на апликацијата можат да бидат искористени само доколку добро го имате совладано англискиот јазик, затоа што секој вежба е, всушност, кратка аудио приказна која ве води низ најразлични техники за опуштање. Нарацијата е апсолутно феноменална и се одликува со, барем за нас, огромна мотивирачка моќ.

Паралелно со ова, имате на располагање и дневник за спиење во кој внесувате колку лесно сте заспале, колку време спиете, колку често се будите за време на ноќтта, како сте се чувствувале наутро и ред други работи податоци кои имаат одредена статистичка вредност. Единствена работи која не нѝ се толку допаѓа е тоа што бесплатната верзија е замислена само за да ви покаже дел од максималните способности. За сите вежби и за проширени опции, потребно е посегнување по паричникот.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии