Подобар Google Goggles, чита баркодови и може да реши Судоку

Goggles е апликација за iPhone и Android која ја користи камерата/фото апаратот на мобилниот телефон да го „прочита“ надворешниот свет и да ги пребара тие зборови преку Google пребарувачот. Пример, Goggles може да прочита слики од печатени магазини и да направи интернет пребарување за сликата, што во принцип ја продолжува информацијата. Тоа што може да се види на хартија, со Goggles се претвара во уште повеќе информации и детали, давајќи комплетно нов контекст на содржината.

Исто важи и за баркодовите. Со Goggles може да скенирате и прочитате баркод на продукт во продавница и да добиете резултати на интернет продавници каде се нуди тој продукт за да може да се спореди цената.

За крај, една од поинтересните новини на Goggles е можноста да реши Судоку, игра со наоѓање на бројки.

4 коментари на “Подобар Google Goggles, чита баркодови и може да реши Судоку

  1. И што се прават само за да го затупат мозокот на човештвото. Со самото решавање на судокуто си развива посебен концепт на решавање на проблемите со ова … стануваме помрзлива и поглупава нација (глобална)

    1. Напротив. Добиваш дополнителни информации за работите околу тебе. Проширена реалност. Со судоку Google само сака да се промовира. Лично, за судоку никогаш не би го користел Goggles. Играта е одлична забава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии