Подкаст: Skills that pay the bills – Креативни социјални бизниси со Ирина Јаневска, Климентина Илијевски, Тунан и Дарко Јовчевски

Skills that pay the bills е подкаст на Радио МОФ. Подкастот, разработува теми како претприемништво, младински вештини, самовработување, иновативност, маркетинг, состојба со родовиот јаз во приватниот сектор и слично. IT.mk не учествува во креирањето на содржината, но веруваме дека овие теми се важни и треба да ги споделиме со читателите.


Темата на првата епизода од новата сезона на подкастот се креативните социјални бизниси и како бизнисот може да им помогне на граѓаните. Гости во епизодата се: Ирина Јаневска, основач на ARNO; Климентина Илијевски, извршен директор на Паблик / Public и главен уредник на Лице в лице; Тунан, продавач на списанието „Лице в лице“; и Дарко Јовчевски од Вело Кафе.

„Зошто луѓето да купат нешто од социјално претпријатие, а не од обична продавница? Дали ресторанот на сопственикот треба да му донесе базен, куќа на Водно, или наместо тоа може да вработи глувонеми лица? Како социјалното претприемништво да биде одржливо, без зависност од донатори?“ – токму ова се прашањата во првата епизода.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии