Подкаст: Skills that pay the bills – Како до повеќе жени претприемачи во Македонија?

Skills that pay the bills е подкаст на Радио МОФ. Подкастот, разработува теми како претприемништво, младински вештини, самовработување, иновативност, маркетинг, состојба со родовиот јаз во приватниот сектор и слично. IT.mk не учествува во креирањето на содржината, но веруваме дека овие теми се важни и треба да ги споделиме со читателите.


Тања Дејаноска, стоматолог; Сузана Наумоска, сопственичката на „Изида Спа“; Весна Апостолска, позната по својата работилница „Мали нешта“ се  гостите во оваа епизода на подкастот „Skills that pay the bills“. Тема на епизодата се жените претприемачи и како да се зголеми нивниот број.

Секоја од гостинките е во различна сфера – стоматологија, козметички услуги и ракотворби. Заедничко им е тоа што се успешни претприемачки со повеќегодишно искуство. Во Skills that pay the bills, ги раскажаа своите приказни.

„Бидејќи сме растеле во традиција каде мажот е носител на финансиите во семејството, жените стравуваат да направат некаков чекор. Вчера на средба жени сакаат да почнат и се двоумат. Една од жените кога ја кажала идејата на сопругот добила одговор – Не, што се замислуваш. Мене никој не ме поддржа, тоа е тешко. Особено една идеја која ја нема во провинција. Работам една тесно поврзана професија со догмите кај нас. Масажа – не мора. Жените чекаат. Не, нека не чекаат“, вели Сузана Наумоска.

1 коментар на “Подкаст: Skills that pay the bills – Како до повеќе жени претприемачи во Македонија?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии