Подкаст: Skills that pay the bills – Интервју со Блаже Аризанов, основач на Stay Uncle

Skills that pay the bills е подкаст на Радио МОФ. Подкастот, разработува теми како претприемништво, младински вештини, самовработување, иновативност, маркетинг, состојба со родовиот јаз во приватниот сектор и слично. IT.mk не учествува во креирањето на содржината, но веруваме дека овие теми се важни и треба да ги споделиме со читателите.


Блаже Аризанов е претприемач од Струмица, кој е најпознат по неговата платформа Stay Uncle која ја основал во Индија. Со сервисот им овозможува на млади невенчани парови во Индија да резервираат хотелска соба на неколку часа. Пред „Stay Uncle“ младите парови беа изложени на малтретирање, како од полицијата така и од самопрогласените чувари на моралните вредности. Во овој подкаст може да ја слушнете неговата приказна.

„Првите години ни беа тешки. Буквално се финансиравме со последните парички во џеб. Вработените го кренаа мебелот поради тоа што должевме тримесечна плата. Во тој период бевме типична фирма, која не им плаќа пари на вработените. Не дека тоа беа пари за наш луксуз, туку ги немавме.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии