Подкаст: Skills that pay the bills – И успешните грешат

Skills that pay the bills е подкаст на Радио МОФ. Подкастот обработува теми како претприемништво, младински вештини, самовработување, иновативност, маркетинг, состојба со родовиот јаз во приватниот сектор и сл. IT.mk не учествува во креирањето на содржината, но веруваме дека овие теми се важни и треба да ги споделиме со читателите.


Во оваа епизода на „Skills that pay the bills“ за своите приказни зборуваат Mерсиха Смаиловиќ, основач на консалтинг компанија за правно-економски услуги, која има своја организација што им помага на луѓе чии човекови права се повредени; Викторија Шотароска, чија компанија е наградена за најдобра во категоријата „грижа за клиенти“ и била рангирана меѓу 10-те најдобри менаџерки во Македонија; Нина Костовска, позната по видеото „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“, кое беше дел од кампањата на УНИЦЕФ и Коста Петров, основач на креативната агенција P World, која работи со компании од 40 земји на организирање бизнис настани и нуди услуги за односи со јавноста на компании кои се соочуваат со криза.

Слушнете со кои предизвици и потешкотии се среќавале тие во нивното работење.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии