Подгответе се за Роботски олимписки игри

Премиерот на Јапонија, Шинцо Абе, се надева дека во 2020 паралелно со Олимписките игри во Токио ќе се одржат и „Роботски олимписки игри“, пренесува Verge.

Можеби се понадевавте дека ќе може да гледаме борби на џиновски роботи, но за жал ова нема да се случи, г. Абе всушност се надева на презентација и натпревар во поинакви дисциплини.

„Во 2020 би сакал да ги собереме сите светски роботи и да одржиме Олимпијада на која ќе се натпреваруваат во технички вештини“, вели Јапонскиот премиер.

Засега идејата изгледа тешко остворлива, но сепак Јапонија е еден од најголемите производители на роботи и доколку успее да се избори за Роботски олимписки игри тоа многу би значело за плановите, роботите да бидат еден од главните економски столбови на Јапонија.

Сепак дека не станува збор за фантазија која би била претешко остварлива, покажува и швајцарското организирање на Олимписки игри за спортисти со вештачки екстремитети и егзоскелети, популарно наречена Киборг Олимпијада.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии