Подгответе се за Next Generation Conference: #KeenOnCode

Следната недела по трет пат Seavus ќе ги отвори вратите за сите кои имаат интерес за технологија. На 12 мај се одржува овогодишното издание на Next Generation Conference.

Настанот е поделен во неколку тематски целини, поделени според технологијата. Учесниците може да ги погледнaт говорите на следните теми:

  • Net / DB / QA
    • „Serverless“ пресметки со „Azure“ функции
    • Примена на облак архитектура на Azure – скалабилни веб апликации
    • Адаптивно квери процесирање на SQL SERVER 2017
    • Reinvented Regression Testing
  • Java / FrontEnd
    • Како научив да не се грижам и да го засакам Monolith
    • „Cloud Native“ Java архитектура
    • Микросервиси со Lumen
    • Веб пристапност и „Screen readers“
  • Трендови во технологијата
    • Безбедни IoT уреди
    • From bit to Artilect
    • Рецепти за кодирање – направи chatbot за појадок
    • Гејмификација – Автостоперски водич за решавање на проблеми

Секако настанот не е исклучиво од едукативен карактер, па помеѓу предавањата има доволно простор за запознавање, дружење и комуникација.

Пред посетителите ќе говорат 16 експерти. Со оглед на капациетот на Seavus, се чини дека немаа потреба за говорници однадвор, па најголем дел од говорници се од Seavus.

Настанот ќе се одржи во Мала Станица, има простор за 400 постители. Билетите се веќе достапни, а може да се регистрирате на Eventbrite.

2 коментари на “Подгответе се за Next Generation Conference: #KeenOnCode

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии