Подгответе се за Game Jam Plus во Македонија

IT.mk редакција

во гејминг, ИТ.МК

Game Jam Plus e глобален хакатон на кој се креираат видеоигри. Настанот потекнува од Бразил и секоја година додаваат нови држави во кои се одржува. Game Jam Plus се одржува шеста година по ред. Оваа година за прв пат настанот ќе се организира и во Македонија. Локална поддршка како и секогаш кога видеоигрите се во прашање е „Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА

За разлика од останатите хакатони кои траат неколку дена, овој настан трае многу подолго, дури 7 месеци. Самиот хакатон трае 54 часа, но ова е само една фаза од целиот настан. Следните фази се значително позначајни за сите кои навистина сакаат да креираат видео игри. Така, во втората фаза најдобрите игри направени на хакатонот влегуваат во процес на акцелерација. Тимовите ќе работат со ментори, експерти, со искуство во меѓународни компании.

Веќе во следната фаза ќе имаме 5 финалиња за избор на најдобрата игра на секој континент. Последната фаза е светско финале во кое учествуваат по две игри од секој континент. Во Македонија се предвидени една или две локации и од секоја од овие локации по две игри ќе продолжат кон втората и трета фаза, а ако се доволно добри секако и во големото финале.

За сите кои се заинтересирани за учество на настанот првата фаза започнува на 8-ми октомври, но подготовките започнуваат уште денес. Со почеток во 7 часот дел од основачите на настанот Џанин Адлер, Педро Замбон и Јан Рошлин во видео разговор ќе го објаснат концептот на настанот. Заинтересираните ќе можат да дознаат за тоа што е потребно за еден тим да го помине првото ниво, и да продолжи да се натпреварува на европско и на глобално ниво, како и кои се придобивките од тој успех. Сите заинтересирани можат да дознаат повеќе на Facebook -страницата за настанот.

Што се однесува до самиот Game Jam Plus повеќе информации може да дознаете на Game Jam Plus Facebook страницата.

1 коментар на “Подгответе се за Game Jam Plus во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии