Подгответе се за 12-от Weekend Media Festival во Ровињ

Дејан Соколоски

во Вести

Од 19 до 22 септември во Ровињ ќе се одржи 12-то издание на Weekend Media Festival. Оваа година своевидна тема на фестивалот е Woodstock и сè ќе биде фокусирано на давање на омаж на легендарниот фестивал. Woodstock е еден од настаните од минатиот век кој најмногу влијаеа на општеството, а со тоа секако и на развојот на медиумите.

„Netflix започна цел низ нови стриминг сервиси, производството на квалитетна содржина е поживо од било кога, а спортот е единствена содржина за која е потребен пренос во живо, а со ова станува и поскап. Facebook и Google и понатаму незапирливо растат, но сега се во дефанзива пред негативните реакции; Apple се приклучува на медиумскиот свет, агенциите забрзано се трансформираат, засега не е сосем јасно во што…  И низ овој Weekend детално ќе разговараме за една од најинтересните трансформации на една индустрија во историјата. Материјал има навистина многу“, вели Никола Врдољак, директор на програмата на фестивалот.

Она што ги мотивира организаторите за Woodstock тема е брзината со која се менуваат медиумите. Тогаш под влијание на општествените промени, денес под влијание на брзиот развој на технологијата.

Подготовките за фестивалот се во полн ек. „Early bird“ билетите ќе бидат достапни од 1 мај по цена од 1250 куни (10 300 денари). Дополнително, започна и пријавувањето за најдобрите маркетинг кампањи на BalCannes и за регионалната дигитална награда SoMo Borac.

Организаторот на натпреварот сака и да ве потсети дека Weekend Media Festival не само што е најголем фестивал на комуникации, туку е и најдоброто место за забава. Секако и оваа година настанот се одржува во стариот Тутунски комбинат во Ровињ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии