Подгответе се GG ПОДКАСТ започнува во октомври

Во исчекување на првата епизода од новата сезона на GG подкаст зборувавме со Гораст Цветковски, за тоа што може да го очекуваме. Фановите на подкастот веројатно веќе знаат дека следната сезона на омиленото гејминг шоу започнува веќе следната недела.

Кога започнува следната сезона? Започнавте ли со подготовките?

Како и секоја година така и оваа, првата епизода се чува за првиот понеделник во oктомври, а тоа овој пат се паѓа на 5-ти! Со оглед на вонземјанската ситуација на планетава, овој пат почнуваме со домашни студија, впрочем како што направија сите големи подкасти во светот. Четворицата сме во домашни услови со домашни студија, но на GG.MK сме заедно и „ровариме“ по игрите и гејминг зоната.

Што ново може да очекуваме во новата сезона?

Оваа година ќе вметнеме малку повеќе конзоли, со оглед на тоа што годинава излегува новата генерација на Playstation и XboX. Излегуваат многу ексклузиви и добри игри и ќе биде многу возбудлив период. Во план сме да продуцираме уште една емисија која ќе биде кратка и слатка… гејминг за доручек.

Колку сте задоволни од минатата, сезона, се чини има се повеќе интерес за гејминг (куп нови гледачи, нови спонзори, куп гивавеи)?

Правејќи статистика за потребите на понудата која ја праќаме и се извадивме од памет дека гледаноста е покачена за 138% од ланската сезона. Имаме преку 260000 прегледи што се должи на зголемениот број на епизоди, заеднички и индивидуални стримови. Оваа година имавме 88 епизоди наместо планираните 34, 35.

Мината сезона беше малку поместена од пандемијата. Како вие се справивте со новата ситуација?

Голем дел од гејминг шоуата вклучувајки нè и нас, имплементираa јавување од терен. Овој пат тоа го направивме во поголем волумен. Спремивме лејаути, графики, изгледи, ја стегнавме опремата и докупивме нова и мислам дека прилично спремно ја тантавме новата ситуација. Гледаноста не само што остана туку и се зголеми драстично. „Жртвата“ која ја направивме да стримаме секој ден во време на „локдаунот“ се исплатеше. Беше напорно и тешко секој ден да стои на терет дека во 18:00 часот некој од нас мора да стрима и да занимава луѓе во наредните 4-5 па и повеќе часови. Имавме многу забавни игри со публиката, имаше вриштење, донации и гивавеи. Се направија еден куп мемиња и гифови. Многу забавен период!

Имавте ли повеќе време за играње. Kои игри ги изигравте?

Имавме шанса да ја играме The Last of Us II еден месец пред остатокот од светот, благодарение на нашата соработка со Playstation Macedonia. Потоа следуваше Ghosts of Tsushima. Игриве не само што се изиграа, туку и се 100%-наа на Playstation. Совршен период за гејмање беше тоа,… гејмање од базен… На моменти дури и со носталгија се потсетувам на него.

Кои игри и настани ги очекувате со нетрпение оваа сезона?

Јас лично ја чекам експанзијата на Doom, нормално Cyberpunk, но и ексклузивите за Playstation, Horizon: Zero Dawn – The Frozen Wilds, God of War: Ragnarok, ремастерот на Demon Souls, Godfall, Assassin’s Creed Valhala, Resident Evil Village, па дури си дозволувам да мислам и на GTA6. Како што кажав, не очекува МНООООГУ возбудлива година во гејмингот.

Random….

Да не заборавиме, штета што се откажа The International оваа година затоа што Сакса гази се пред себе. Ќе веевме Македонски знамиња во Шведска… ако, сега ќе ги вееме дома и ќе седиме цела вечер пред монитор!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии