Подгответе се да ја освоите галаксијата со Galactic Warlords на Archona Games

Македонскиот издавач на игри на табла Archona Games денес започнува со Kickstarter кампања за својата втора игра. Galactic Warlords: Battle for Dominion веќе беше на Kickstarter, но во последен момент од Archona одлучија да ја прекинат камањата и да ја надградат играта.

Еден од новитетите е додавање на можноста за играње со еден играч, а новата верзија доаѓа со нови минијатури и проширување на правилата, но и графички редизајн. Игратa е дизајнирана од Бабис Гианиос, кој е автор на повеќе игри, а илустратор е Тхе Мичо.

„Првиот концепт за играта која ја добивме од дизајнерот беше навистина одличен, ни дозволи да ја доразвиеме и да направиме супер тематско искуство за играчите. Навистина сме возбудени за играта! Соработката со Тхе Мичо околу артот и Франческо Ору околу фигурите беше големо​ ​искуство​ ​за​ ​нас!“​, вели  Милан Тасевски, основач на Archona Games.

Galactic Warlords: Battle for Dominion е стратешка игра со тактичко дејствување и планетарна контрола за 1 до 4 лица. Играчите се вселенски воени командири кои се трудат да воспостават контрола врз галаксијата. Преку најмување и играње на различни карти со платеници, играчите ќе бидат во можност да добијат различни единици како што се пешадија, тенкови и летала и истите во комбинација со нивните акции и способности, да ги искористат за напад или да воспостават контрола врз планетите на мапата, притоа добивајќи репутација и здобивајќи се со поени. На крајот на играта победник е играчот со најмногу поени.

„Навистина ми се допаѓаат различните начини да се победи! Без разлика дали се фокусирам на репутацијата или се трудам да ги добијам сите поени на тој начин или пробувам да ги завршам зададените мисии или се трудам да зафатам поголем дел од мапата… секогаш има повеќе од тоа”, вели Кевин Делп, Tantrum House

Archona Games е основана од Милан Тасевски, а нивната прва игра Small Star Empires е првата успешна Kickstarter кампања од Македонија. Моментално работат на неколку нови изданија и се надеваат дека ќе успеат да издадат барем едно од нив во втората половина на 2017 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии