Поддржете го македонскиот Hearthstone тим и забавувајте се во Гоблин

Македонски Hearthstone тим овој викенд за првпат учествува на  интернационалниот онлајн турнир – Fireside Gathering Brawl. Настанот во живо може да го следите во Гоблин друштвени игри.

Тимот во состав:  Давид Стојановски, Андреј Иванов и Иван Џајков ќе се натпреварува од Goblin Games. Истовремено ќе се одржи и трунир за посетителите, кои освен што ќе ги бодрат играчите, ќе можат и самите да се забавуваат. 

Турнирот е дел од нов формат на натпреварување кое го започна Blizzard – Heartstone Raid. Станува збор за натпревар во кои сите учесници, на една локација се обидуваат заеднички да го поразат Lich King. Непријателот е многу потежок од другите противници од играта, па потребен е напор од сите присутни на локацијата. Учеството на онлајн турнирот, борбата со Lich King и уште еден турнир се одржуваат во истовремено. Посетителите освен учеството во овие натпревари ќе можат и во живо да ги следат натпреварите на македонскиот тим.

За учество на турнирот се плаќа симболична сума од 100 денари. Условите за учество се исти како и досега, а може да ги прегледате и да се пријавите за учество на facebook-страницата на настанот.

Турнирот ќе се одржи на 30 септември, сабота од 14:00 во Goblin.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии