Податоците на сите 3 милијарди корисници на Yahoo се пробиени во 2013 година

Дали било кога сте направиле профил на Yahoo? Ако одговорот е да, тогаш од сите онлајн профили, имате барем 1 хакиран.

Yahoo претходно објави дека во 2013 година се пробиени профилите на 1 милијарда корисници. Oath (ребрендиран Yahoo) објави дека во 2013година се пробиени всушност 3 милијарди профили. Тоа се сите профили кои се направени на Yahoo, објаснува Motherboard.

„По купувањето на Yahoo од страна на Verizon, во текот на интеграцијата, компанијата дојде до нови податоци и сега, по истражувањето на надворешни форензичари веруваме дека сите профили на корисници на Yahoo се зафатени во нападот од 2013 година. Иако ова не е ново безбедносно прашање, Yahoo испраќа нотификации до сите профили. Истрагата покажа дека лозинките, податоците за платежните картички и сметките од банките не се украдени“, велат од Yahoo, сега Oath.

Целата приказна со хакирањето на Yahoo е сериозен проблем. Компанијата ги објави податоците за нападот 4 години по нападот, дополнитено, бројката порасна од 1 милијарда, на 1.5 милијадри, до 3 милијарди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии