Податоци за основни училишта во Македонија на едно место

Основни училишта во Р. С. Македонија е веб сајт кои има за цел да понуди основни податоци за сите основни училишта во нашата држава. За секое училиште ќе најдете гео-просторни координати, како и адреса и контакт и-мејл адреса, но не и телефонски број.

Од почетната страна добивате пристап до сите општини преку паѓачкото мени. Под менито имате интересни статистички податоци поврзани за бројот на основните училишта низ општините.

Адресарот ви е потребен доколку сакате директно да го пребарувате по име на училиште, адреса или град. Со кликнување на името на училиштето, се отвара мапа преку која добивате полесна претстава за местоположбата, заедно со адреса и мејл.

За „Основни училишта во Р. С. Македонија“ Гоце Митевски ја има искористено збирката на податоци на Министерство за образование и наука на Р. С. Македонија. На располагање го имате и изворникот код, кој се наоѓа на GitHub.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии