Податоци од 700 милиони LinkedIn профили понудени на продажба

Име и презиме, пол, работно место, компанискa имејл адреса, дата на раѓање, адреса на работа, телефонски броеви, Facebook и Twitter ID и линкови, титула во кариерата, регион, па дури и GPS координати се дел од сетот на податоци кој е понуден на продажба на скриениот интернет (Dark Web). Во примерокот кој е споделен како доказ во продавницата се споделени податоци од 1 милион корисници, забележа PrivacyShark.

Податоците доаѓаат од над 700 милиони профили на LinkedIn и ќе им бидат корисни на сите кои испраќаат спам пошта или со помош на повеќе податоци можат да изведат пософистицирани фишинг измами. Она што е интересно е дека податоците не доаѓаат од успешен напад на LinkedIn. Наместо ова податоците се скрапирани со злоупотреба на API-то на LinkedIn.

Се чини дека ова е уште еден збир на податоци кои претходно беа објавени. Вкупната бројка на податоци од профили понудени на продажба соодветствува со претходните објави, иако во новиот сет може да има дополнителни податоци.

Информациите кои се споделуваат се чувствителни и може да бидат опасни и надвор од онлајн просторот. Ова важи за адресите и за GPS локациите кои би биле сериозен проблем ако дојдат до раце на демначи.

Добра вест е дека нема потреба од менување на лозинките, освен ако корисникот не користи некои од небезбедните лозинки. Дополнително за корисниците кои се жртва на нападот е потребно поголемо внимание, најмногу од фишинг измами. Конечно со оглед на бројот на успешни напади во кои жртви се стотици милиони корисници на LinkedIn ограничување на податоците кои го споделуваме со LinkedIn звучи на навистина добра идеја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии