Податоци од 26 милиони платежни картички украдени од BriansClub

BriansClub е нелегална онлајн продавница на која се продаваат украдени податоци од платежни картички. Минатата недела хакери ги украдоа и ги објавија овие податоци од „продавницата“, пренесе KrebsonSecurity.

Во светот се оперира со 87 милиони украдени кредитни и дебитни картички. Со враќање на овие 26 милиони картички назад ти веднаш ќе бидат повлечени од употреба, а на корисниците ќе им бидат издадени нови. Во краток период ќе бидат повлечени една третина од картичките кои се продаваат на црниот пазар и ова барем на краток рок ќе биде голем удар за продавачите на овие податоци.

Продавниците ќе треба да ги исчистат овие податоци што секако ќе претставува загуба.

Во овој напад BriansClub изгуби 414 милиони долари, колку што е процента вредноста на украдените картички. Во оваа продавница во целото постоење се продадени 9,1 милиони картички за 126 милиони долари. Целата украдена сума од овие картички е проценета на 2,27 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии