Податоци на стотици милиони профили на MySpace и Tumblr се на продажба

Доколку имате профили на MySpace или Tumblr на кои долго време не сте им ги промениле лозинките, сега е време да го направите тоа. Податоците од стотици милиони корисници се на продажба, а според Motherboard се работи за вистински, веродостојни податоци.

Имејл адреси, лозинки и адреси од 360 милиони MySpace профили се дел од листата. Листата на профили е поголема, вкупно 427 милиони, но за останатите лозинката не им е пробиена. MySpace ја потврди веста и започна да ги ресетира лозинките на корисниците кои не го промениле лозинките од 2013 година, кога и се случило пробивањето. „Методите кои ги користи MySpace за чување на лозинките не се според стандардите, криптирањето е многу слабо, а некој може да каже и дека воопшто е криптирањето проблем. Најголем дел од лозинките се покуси од 10 карактери и тоа придонесува да бидат лесни за дешифрирање, вели LeakedSource.

Бројот на профили од Tumblr е многу помал, 65 милиони, но и овие податоци се украдени од 2013 година. Податоците кои се во оваа база се сетови на имејл адреси и хаширани лозинки. За разлика од MySpace, лозинките на Tumblir се „salted“ (термин кој секористи за додавање на карактери пред лозинката да биде претворена во стринг од бројки и сместена во базата), и поради тоа потешки за пробивање.

Неодамна се споделени и 167 милиони украдени Linkedin профили, а и милиони лозинки од Fling, па дел од експерите сметаат дека има некоја некоја поврзаност, иако засега не е откриена.

1 коментар на “Податоци на стотици милиони профили на MySpace и Tumblr се на продажба

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии