Pocophone F1 доаѓа со Snapdragon 845, а чини само 300 долари

Дејан Соколоски

во Мобилни

Xiaomi го претстави новиот паметен телефон Pocophone F1, кој најверојатно е најевтиниот уред кој доаѓа со Snapdragon 845. Вообичаено поевтино значи дека некаде се штедело, но изгледа дека ова не е случај.

Телефонот чини само 300 долари, а доаѓа со процесор кој се наоѓа во сите уреди од висока класа. Секако 300 долари и не се малку пари, но вообичаено цената на уредите со ваков хардвер е 2 до 3 пати повисока.

Малку е тешко да се забележи на што штеди Xiaomi кога ги прави овие телефони. Основната верзија на Pocophone F1 доаѓа со 6GB RAM и 64GB диск, поскапата верзија доаѓа со 8 GB RAM и 256  GB диск. Телефонот доаѓа со 6,18-инчен LCD дисплеј; 20 MP предна камера и голема 4000mAh батерија. Задната камера не е спектакуларна, но е и повеќе од адекватна со 12MP и 5 МР дуал камера и f/1.9 сензор од Sony.

Интересно, од Xiaomi велат дека идејата за телефонот е од самите корисници и од каналите на Reddit.

„Читавме корисници кои бараа телефони со поголема батерија и подобар процесор, а не подобро заштитно стакло“, вели Џаи Мани од Xiaomi India за Engadged.

Засега телефонот е најавен за Индија. Сепак Xiaomi најави дека од 27 август телефонот доаѓа во Париз, Хонгконг и Џакарта.

1 коментар на “Pocophone F1 доаѓа со Snapdragon 845, а чини само 300 долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии