Почнувајќи од јули, сите игри за PS4 мора да се компатибилни и со PS5

Иако самата конзола веројатно нема да биде достапна уште некое време, многу корисници се прашуваат за тоа како ќе работат постарите игри на PlayStation 5. Sony одамна потврдија дека игрите направени за PlayStation 4 ќе работат на новата конзола, но досега беше непознато што точно ќе треба самите девелопери да направат за да постигнат компатибилност.

Во документација која неодамна е испратена кај студијата за развивање на игри, како и на независни девелопери, Sony бара сите игри кои ќе бидат испратени за валидација после 13 јули, да бидат компатибилни со PlayStation 5. За да го олеснат ова, уште во април, Sony додадоа опција за да се тестира компатибилноста со новата конзола.

Критериумите за да може игра да се нарече компатибилна со PlayStation 5 не се многу ригорозни – сé што треба е играта да работи без никакви проблеми, и да може да ги понуди истите функционалности како и на PlayStation 4. Доколку има било какви проблеми, играта им се враќа на девелоперите за истите да бидат поправени.

Она што е интересно, и до некаде очекувано, е дека игрите кои биле одобрени за PS4 пред 13 јули не мора да бидат компатибилни со новата конзола. Покрај ова, било кои нови надградби за истите нема да се приморани да додадат компатибилност. Но, како што велат од Sony, “се препорачува” компатибилност сепак да има.

За жал, ова значи дека има можност игрите кои досега сте ги уживале на PlayStation 4 да не работат на новата конзола, бидејќи истото е оставено како избор за самите девелопери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии