Почина Денис Ричи, таткото на UNIX и програмскиот јазик C

Денис Ричи, таткото на C и еден од креаторите на оперативниот систем UNIX, почина во неговиот дом после подолго боледување. Денис Ричи e еден од најодговорните личности за револуцијата во информатичката технологија, бидејќи C е во сржта на секој програмски јазик, и голем број на модерни технологии зависат од тоа што тој го има креирано.

Денис Ричи заедно со неговиот колега Кен Томсон, кој го има напишано програмскиот јазик B, работеле заедно за да развијат поефикасен оперативен систем за тогашните нови мини компјутери. Крајниот резултат го добиле во 1971 година во форма на оперативниот систем UNIX. Овој оперативен систем, покрај тоа што е основата за Linux и го има започнато движењето за слободен софтвер, има воспоставено многу принципи за софтверско инжинерство кои важат до ден денес.

Денис Ричи поголемиот дел од својот живот го има поминато во команијата Бел Лабс, каде покрај работата на UNIX, таму го развил и програмскиот јазик C. Во тоа време многу се експериментирало со хардверите, па софтверските програмери морале да ги лимитираат своите програми да работат на еден уред, или да потрошат многу време да ги напишат одново за да можат да работат на друга платформа. Програмскиот јазик C овозможил програмите лесно да се префрлат од еден хардвер на друг. Томсон и Ричи во 1973 година го напишале UNIX во C.

Денис Ричи може слободно да се каже дека е директно одговорен за постоењето на Linux, Android, Mac OS, iOS, JavaScript, C++, и многу други откритија значајни за развојот на информатичката технологија. Наследството кое Денис Ричи кое го има оставено зад себе може да се рамни со она на Стив Џобс, ако не и да го надмине.

10 коментари на “Почина Денис Ричи, таткото на UNIX и програмскиот јазик C

  1. "Наследството кое Денис Ричи кое го има оставено зад себе може да се рамни со она на Стив Џобс, ако не и да го надмине.“

    Стив Џобс не му е ни до колена на Ричи. Реченицава е, во најдобар случај, смешна.

  2. "Овој оперативен систем (UNIX), покрај тоа што е основата за Linux и го има започнато движењето за отворен софтвер" Не е точно. Kако прво Linux е кернелот, или јадрото на оперативниот систем, кое е напишано во C, а оперативниот систем е GNU/Linux – GNU или рекурзивен акроним од GNU is Not Unix го кажува баш спротивното. A движењето за слободен софтвер е почнато од Ричард Сталман, кој е основач на GNU, не Linux.

    Вакви текстови може да се прочитаат на обичен портал, ама очекувам малку поголемо внимавање од авторите на it.com.mk

    1. Тоталка си у право …. Авторот ги измешал троа нештата … Или пак треба малку подобро да гугла и преведува содржини ….

    2. И покрај името, GNU/Linux е Unix, по архитектура, по дизајн инспирација итн. Unix како конкретен OS не постои во модерна смисла, така да реченицата на авторот си е права.

      1. да, а и сите компјутери после вонНојман се со иста/слична архитектура, нели? Како прво авторот на текстот го референцира Linux, а не GNU/Linux како ОС, што е грешка… ОК, не е битно… како може некој да каже дека UNIX го има почнато движењето за слободен софтвер?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии