Почетни курсеви за студенти од ICANN и Internet Society за вовед во Internet Governance

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

Подрегионалната организација за Управување со Интернетот односно SEEDIG (South East Europe Dialog on Internet Governance) го објави својот отворен повик за студенти и млади ентузијасти за нивната програма Youth School.

Програмата има за цел да ги воведе младите во „управување со интернет“, ќе се одвива во текот на четири месеци од мај до август онлајн, со почетни курсеви од ICANN и Internet Society за вовед во Internet Governance, како и неделни, односно месечни средби со учесниците и ментори каде би се дискутирале ситуациите во нашиот регион.

Учеството во оваа програма е бесплатно, а најактивните ќе добијат средства за да учествуваат на регионалната конференција н SEEDIG 6, која ќе се одржи во Кишинев (Молдавија) во периодот од 22-23 септември.

Програмата опфаќа воведни од сите области поврзани со Управувањето со Интернетот, како на пример: лажни вест, приватност, законска регулација, медиумска писменост, закони, пристап и сајбер безбедност.

Програмата е отворена за сите студенти кои живеат и работат во Источна и Југоисточна Европа.

Сите заинтересирани можат да се пријават за учество на веб-страницата на SEEDIG. Секој кој има желба да научи нешто повеќе за Управувањето со Интернетот може да аплицира. Пријавувањето е отворено од 15-ти до 30-ти април.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии