Побрзо, повисоко, посилно и никако на GIF: Анимираните слики се забранети на Олимпијадата

Меѓународниот олимписки комитет на овие Олимписки игри во Бразил, од само ним разбирливи причини, ги забранија гифовите и другите анимирани слики. Станува збор за проширување на забраната за пренос и емитување на содржина, која овој пат е проширена и на гифовите.

„Дополнително, користењето на олимписки материјал трансформиран во графички анимирани формати како GIF, GFY, WebM или куси видеа како Vine и слично најстрого се забранува“, велат новите правила на Олимпискиот комитет, пренесе Mashable.

Анимираните слики се можеби најдобриот начин за пренесување на најдобрите моменти од Олимписките игри, дел од нив можеби и нема да бидат пренесани во живо. Гифовите се најдобар начин за пренесување на дел од спортовите како гимнастика, атлетски дисциплини, финишот на трките и слично, а за жал оваа година нема да може да уживаме во нив. Медиумите кои ќе споделат гифови ќе ги изгубат своите акредитации.

Од Олимпискиот комитет не одговорија како планираат да ги контролираат објавите на друштвените мрежи, но се чини дека не постои начин на кој било кој би можел да ги контролира виралните анимирани слики на интернет.

giphy

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии