Побрзо читање со Focus и Speed Reading

Во период кога не располагаме со премногу слободно време, впивањето информации е лукзус кој тешко се дозволува. Одредени апликации, меѓутоа, можат да ви помогнат да читате со значително позабрзано темпо така што целосно се фокусирате на индивидуалните зборови.

iOS апликацијата Focus – Speed Reading е апликација за читање која функционира со сите веб сајтови, документи, PDF документи, и електронски книги. Тимот зад Focus – Speed Reading ветува дека можете да читате двојно, па дури и трипати побрзо на овој принцип. А принципот е прикажување на содржините збор-по-збор. На овој начин, се елиминира времето кое очите го губат шетајќи низ зборовите. Со апликација како Focus – Speed Reading едноставно гледате во една линија и ги впивате сервираните зборови. Брзина на листањето на зборовите е целосно прилагодлива.

Во случај да сакате да ги извлечете предностите на Focus – Speed Reading, но на Android направите, ви ја препорачуваме Speed Reading. Оваа апликација се одликува со системи кои ви дозволуваат побргу да помните броеви и зборови. Покрај ова, можете да ја зголемите способноста за концентрирање, да го проширите видното поле, и побрзо да читате.

Звучи крајно амбициозно, нели?

Speed Reading ви дозволува да читате книги во формати како fb2, epub, и txt.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии