Победниците на Блогираме и Twitter награди 2015 се…

„Кои сме ние – ако не сумата на нашето влијание што го имаме, во нашиот живот, врз другите“, велеше генијалниот астрофизичар Карл Сеган. И иако неговата мисла се однесуваше на човештвото, денес таа важи за сите гости испоседнати во Кино Фросина во Скопје, кои очекуваат да ги видат најдобрите за оваа година – од најреволуционерниот блог и најдобриот аватар, до најкреативните пораки, најдоброто селфи, и ,секако, највлијателниот твитерџија.

Ова се четврти Блогираме и Twitter награди, во организација на Blogirame.mk, кои ги слават двете онлајн заедници што успеаваат од година за година да креираат вистински импакт врз македонското секојдневие. Блоговите и Twitter заедницата сепак се #влијателни; медиумите ги цитираат, луѓето ги третираат како ѕвезди иако ги познаваат само по малата сликичка на аватарот, и колективно се способни да поместат планини, да повикаат на #протести и да сменат власт, иако последново е проект во изработка.

Добитниците на блогерски награди:

Добитници на Твитер награди:

  • Најтаг за 2015 – #Протестирам
  • Кампања на годината 2015 – #StudentskiPlenum
  • Најдобар твит за 2015 – „Здравиот има илјада желби. Болниот само една. Да го доврши Скопје 2014“ на @Mоjoklington
  • Риплај на годината – @IlkoIlija за „@AMiloshoski Просечно македонско семејство: Баба, дедо, татко, мајка, две деца, еден споменик на плоштад и еден вмровец во администрација“
  • Најдобар дебитант на Тwitter – @Gretaodtreta
  • Твитерџија кој најмногу напреднал – @Mojoklington
  • Твитерџија/ка кој е вистинска вредност за „твитосферата“ – @Vikohyeah 
  • Најкомпанија/организација – @Zlatna_Kniga
  • Најдобар аватар(и) – @Majkanazmejovi 
  • Најдобар твитерџија/ка во #третасмена – @thetetka 
  • Најдобра твитерџиКА – @Dzanna_Molly 
  • Најдуховит твитерџија/ка –  @Mile_Panika
  • Најактивен твитерџија од дијаспора – @FStojanovski1
  • Највлијателен твитерџија/ка – @VlatkoVasilj
  • Твитерџија со најдобро селфи на годината – @Losh_Covek
  • Најдобар DJ на тајмлајн – @DJGoce.

2 коментари на “Победниците на Блогираме и Twitter награди 2015 се…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии