Идејата на Google е интересна, но дали навистина може да се одреди победникот следејќи ги интересите на луѓето?

Со започнувањето на првото полуфинале, започнува и дискусијата за Евровизија. Каде подобро да се дискутира за настанот ако не на друштвените мрежи. Сигурно на Facebook ќе видите некое видео од пробите на Евровизија 2010 кои можат да се најдат на официјалниот сајт. Сигурно ќе прочитате и многу коментари за настапите од првото полуфинале кое започнува вечерва во Осло. (второто полуфинале е во четврток 27 мај, а финалето е во сабота 29 мај.)

Видеата од настанот ќе се појават и на YouTube и сигурно ќе бидат постирани нa Facebook ѕидовите. Ќе има дискусија и ќе кликнете по некој Like.

На Twitter можете да најдете безброј твитови за Евровизија. Македонските твитерџии, продолжувајќи ја шегата за Ѓоко Танески, се договорија да го користат тагот #ribovizija. Со тој таг или пак само со евровизија ќе најдете мислења за настанот. И не мора да се само од македонските твитерџии. Пример, ако пребарувате evrovizija ќе има мислења и од српски и хрватски корисници, или eurosong и eurovision за мислења од целиот свет. Ќе се зборува за настапите, ќе се пишува фаворитите, ќе има шеги, ќе се предвидува победникот… На Twitter ќе погледнете и што другите мислат за настапот на Ѓоко Танески. (via @zuberot)

Друштвените мрежи нудат одличен увид во популарноста и интересните на луѓето ширум светот. Taка, разгледувајќи ги споделените постови, информации, Likes, ретвитови, посетеноста на видеата… и вие како Google ќе можете да одредите кој е победникот. Сега останува да се предвиди 50% од бодовите дадени од професионалното жири.

Евровизија ќе можете да ја следите во живо на официјалната eurovision.tv/esctv, секако и на телевизија, а доколку не сте при PC или телевизор и при тоа имате iPhone при рака тогаш имате интересна апликација.

2 коментари на “Победникот на Евровизија 2010 е….

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии