Победникот на Dota 2 International ќе биде награден со 6,5 милиони долари

Еден од тимовите кои учествуваат на Dota 2 International ќе си замине побогат за 6,5 милиони долари. Турнирот кој започна од 3-ти август, успеа повторно да го надмине рекордот за наградниот фонд. Оваа година вкупниот награден фонд е 18 милиони долари, а како и минатата година ова е пред се на Compendium-от кој го купуваа играчите и фановите, а 25 отсто од парите потрошени на Compendium одеа директно во наградниот фонд.

Прво пласираниот тим ќе си замине со награда од речиси 6,5 милиони долари, вториот учесник во финалето ќе добие 2,7 милиони, а шесто пласираниот тим во светот ќе биде побогат за 1,1 милиони долари. Ако наградниот фонд e импресивен, тогаш што ќе кажете на фактот што салата во Сиетл каде ќе се играат финалните натпревари распродададе 10.000 места само за неколку минути, а се очекува оваа година International да го сруши рекордот од 20 милиони гледачи на онлајн стримот. Без сомневање е дека големиот награден фонд ќе сврти дел од погледите на светот кон е-спортот, но можеби гледачите или играчите кои првпат ќе ги следат натпреварите ќе имаат проблем да сфатат како се играат MOBA игрите.

Watch live video from dota2ti on www.twitch.tv

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии