Победник на веб дизајн предизвикот на It.com.mk и MK Host е …

Првин, честитки до сите кои учествуваа бидејќи сите сте победници!. Целта на натпреварот беше да се споделат идеи, да се запознаат дизајнерите и да се стекна искуство за како понатаму во веб дизајн занаетот. Благодарност и до сите кои гласаа и споделија свое мислење и идеи, кои може да се искористат за идни натпревари.

Сепак, имаше и награди како мотивација на дизајнерите, па некој мора да ги земе. :) Tие што ќе ги добијат наградите се… (тапани)…

  • Smashing Book + 1 година 5.000 MB хостинг од Мк Хост + IT.com.mk маица оди за 0.mk заради едноставниот, функционален дизајн кој одговара со сервисот и има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk маица + .mk домен + 500 МБ хостинг оди за Travel2Ohrid.com.mk заради едноставноста која одговара со функционалноста. Има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk + Мк Хост маиците ги добива caramelo.mk кој иако се спомена готов темплејт и нема интеракција со друштвените мрежи, сепак адутот на caramelo.mk е естетиката.

(Победниците ќе добијат ПП (приватна порака) на форумот со упатство за наградите)

Сите останати улесници можете да ги видите на форумот.

За да нема забуни гласањето се одвиваше во две фази, гласови од членовите на форумот и гласови од „стручното“ жири од Мk host и администрацијата на IT.com.mk.

ЧЕСТИТКИ до сите! и повеќе среќа на наредниот натпревар кој ќе се одржи на…(тапани)… всушност нека остане изненадување.

Gratz!

89 коментари на “Победник на веб дизајн предизвикот на It.com.mk и MK Host е …

  1. Точно ти личи овој код е украден и го има насекаде изворниот код и оваа е копија од истиот така да 0.mk не е уникат само е една копија на тој сајт то значи тој што го има сајтов си прави пагијати само менува шемите ништо друго.

    Ако има некоја замерка слободно ќе ви дадам линк за изворниот код како е да видите ист е принципот само од англиски на македонски преведен без авторски права од оригиналот

  2. Супер транспарентен натпревар!

    Јас сум пресреќен што учествував и добив 5 гласа, а овие тука губитниците со по 10 гласа се бунат. И бркајработа.мк не добил ништо. Што да добие,награда за најдобар плагијат?!

  3. Why so serious guys?! u mad ?!

    Како и секогаш македончето табиетот не си го тргна, остана такво какво што е, за жал.

    Честитки до победниците. И да се надевам на уште подобар предизвик :)

  4. Натпреварот заврши, а сега следува патетиката! Незнам што не ви е јасно!?

    „Интересна ми се виде идејата на почетокот. Планирав да учествувам и јас. Но бидејќи имаше доста време, оставив за крај…“

    И сеа криви се организаторите, имало слаба конкуренција!?
    Па ти не си ни во таа конкуренција!

    Поздрав за натпреватор, кип ап д гуд ворк

      1. И мене ме насмеа. Штом е на млеко уште, доволно му е толку знаење: Like i Dislike. Има време, ќе научи и други работи.

      2. Imam vreme.. ali ipak znam od ovaj gore so masnava
        ajt tamu

        p.s. ne go napisav DISLIKE-ot jas.. ama evo radi dejan LIKE I NA TOA

      3. Само напред Влатко, има време, ќе научиш многу работи, амбициозен си.

  5. @skechboy hi 5 :)

    Мрчаторите мрчат масовно на цело село по асвалтот, на интернет и таму горе кај шо се спојва со регионалниот пат.

  6. Навистина е тажно што нешто ново за Македонија самите го дочекуваме под тешка критика. Наместо да се поздравуваат и охрабруваат организаторите на ваквите настани за организација на идни наптревари ние плукаме по нив.

    Судејќи по последните коментари најтажното нешто во целата оваа приказна е зголемениот број на "дежурните" на интернет кои бараат некоја контакт форма каде што можат да ги напишат своите глупости.

    Едно големо браво за ИТ.ком.мк и МКхост па се надевам во блиска иднина ќе бидеме сведоци на уште еден ваков прекрасен настан.

      1. не бе ми дадовте 750€ за да напишам некој позитивен коментар :) :)

    1. стварно, али увек ке има некој кој ке се буни и сл
      можеби е истина "кој губи има право да се љути"
      можеби и требаше малку подобра реклама да дознаат повеќе и да има поквалитетни сајтови (а не скоронеизменети темплејти)
      али ај нареден ке биде

      честито до победниците, и честито до победените

  7. Јас учествував и мислев ќе победам, ама ништо.
    Сведок сум дека модераторите ми побараа 750 евра ако сакам да победам, плус да ја прочитале прво тие книгата и да им го отстапам хостингот.
    Се согласив на условите, ама нестигнав да до соберам уште некое евро :(((

    1. Точно е дека кој губи има право да се љути али да се љути а не да тропа без везе, очигледно твојата теорија има некоја дупка. Книгата од 50 ева повише не е и хостот толку тоа се 100 евра. Ти викаш дека ти барале 750 евра и уште дека си се согласил… нареден пат кога ќе клеветиш размисли што ќе напишеш и земи малку читни тоа математиката…

      1. @macstr1k3r
        Немам учествувано на натпреварот.
        Математиката ти е добра, ама логиката ти ја нема (е сега неможеш да седнеш и да читнеш логика, јбг…).

        Тоа со еврата и другите работи, беше иронично кажано за оние љутковците кои незнаат што е натпревар.

        Каде се организираше натпревар, се потрудија дечките да дадат некоја награда, секогаш се наоѓаат мрчатори.

        Епа мрчатори, седнете и вие организирајте некој натпревар, може и ќе победите таму. А за да победите на друго место, седнете и поработите малку на својот дизајн….

  8. Why So serious guys? u mad? :P
    Океј шала на страна. натпреварот заврши, честитки до победниците и успех понатака.
    И секако наредниот натпревар да биде уште подобар.
    Иако не сум нешто задоволен од победникот, тоа ќе си го чувам за себе :) сепак карамело според мојот коментар успеа да добие трето место.
    Поздрав.

  9. Интересна ми се виде идејата на почетокот. Планирав да учествувам и јас. Но бидејќи имаше доста време, оставив за крај. Но како одминуваше времето, слаба конкуренција, слаб одзив, се откажав.

    Планирав да учествувам со некој од следните веб страници:
    1. Младинска конференција „Заеднички визии“ – zaednickivizii.org
    2. Memorial House of Mother Teresa – memorialhouseofmotherteresa.org
    3. Туристичка агенција Одема Турс – odema-tours.com.mk

    1. Прво, имаше 38 пријавени сајтови што и не е мал одзив. Второ, не ги навредувај другите што учествуваа плс велејќи „слаба конкуренција“. Имаа храброст да учестуваат и да споделат идеја и дизајн.

      Што се однесува до твоите сајтови, интересни се.

      1. Jas ne se krijam deka koristam Joomla CMS za sajtovite. Gi sakam Open Source CMS sistemite kako Joomla, WordPress, Drupal. Znam da gi izbrisam tragite, da ne moze tolku lesno da se otkrie deka e Joomla. No ne mi e toa celta. Naprotiv, sakam da vidat lugjeto deka i so Joomla-ta mozes da napravis dobar dizajn i sopstven templejt (kompletno izmenet Layout i CSS).

        Golema greska si ako mislis deka koristam gotovi Joomla tempjejti. Kompletno se izmeneti i Layout-ot i CSS-ot. I mene me iritira koga ke vidam mnogu sajtovi vo Makedonija koi koristat gotovi Joomla tempjejti. Mnogu od gotovite templejti ne mi se svigjaat, i zatoa si pravam moj templejt, spored potrebite i zamislata na klientite.

        Vlatko treba uste mnogu furni leb da izedes, pa za da mozes da kometiras ili da kritikuvas za web dizajn.

      2. на почетокот прво млеко, после леб надробен во млеко, па симит, па тогаш фурните со леб.

      3. cudno ama nekako css fajlovite ti ostanale so copyright vo niv.

        i ne sum jas toj sto treba furni leb da jade.. probaj nekogas da go isprogramiras nego da go ukradis nesto i togas kazuvaj sonovi.

        "L"

      4. takvite kako tebe kaj nas se profesionalni "WEB DIZAJNERI" koi izrabotuvaat cel CMS za 50 evra. radi debili kako tebe nekoj sto stvarno ucel web development nema da najde rabota.. posto vie takvite "PROFESIONALCI" so joomla i gotovite templejti ("ama preuredeni-copy paste na cel blok od kodot na druga pozicija") ste tolku dobri sto duri e i smesno. STAY PRO
        znajs so e najtragicno… CEL ZIVOT ke kopiras drugi, nikogas nema da si kreativen, niti originalen, niti pak ke imas vistinska zasluga za toa sto si go napravil.

        odi kopaj po polinjana onamu, tamu nikoj nema da te prasa od kaj ti e lopatata

      5. Влатко, изгледа многу работи не ти се јасни. Сигурно си нов во оваа работа. Или пак досега си учел нешто друго и не ги разбираш многу работите.

        „i ne sum jas toj sto treba furni leb da jade.. probaj nekogas da go isprogramiras nego da go ukradis nesto i togas kazuvaj sonovi.“

        Кај виде на сајтовите нешто украдено. Тоа што користам Joomla или WordPress не значи дека е украдено нешто. Зошто тогаш ги прават овие CMS системи? Според тебе и дечките од IT.com.mk крадат, пошто користат WordPress за ИТ порталот, а претхорно користеа Joomla ако не се сеќаваш, да те потсетам.

        Овие сајтови што ги пуштив се само дел од моето портфолио. Не користам само CMS системи. Имам направено доста Custom PHP сајтови за разни потреби. Не можеш секогаш да го искористиш CMS-от за било каква идеја. Понекогаш треба и Custom CMS. CMS-ите ги користам за брзо поставување на сајтовите, како и лесно ажурирање од страна на корисниците (клиентите).

        Понекогаш користам комерцијален Joomla темплејт (најчесто од Joomlart или Gavick). За него си плаќам уредно лиценца. Но не го оставам таков сајтот, како што е замислен од страна на Joomlart или Gavick. Комплетно го изменувам во зависност од замислата.

      6. Еве и самиот разгледај.

        На пример за сајтот zaednickivizii.org користев Free Joomla Template од YouJoomla. Еве демо од темплејтот: joomla1.5.youjoomla.info/yoububble/ . Кај виде овде плагијат или украдена идеја.

        За сајтот odema-tours.com.mk го искористив Gavick темплејтот demo.gavick.com/joomla15/mar2010/index.php . Спореди ги сајтовите да видиш колку се различни. Комплет е изменет. Дури Gavick темплејтот е темен.

        А за memorialhouseofmotherteresa.org/ го искористив темплејтот templates.joomlart.com/ja_halite/index.php од Joomlart. Спореди ги и овие сајтови, да видиш колку се различни, и Layout и CSS.

        И не сме овде на IT.com.mk да се караме или да се фалиме кој колку може, или слично, Преку моите коментари сакав да ти кажам дека не си во право со твоето мислење.
        Прв почна да коментираш на мојот коментар:

        „Влатко: site se gotovo joomla templejti… daj barev ko ke kradis ili izmenvis necij drug.. izbrisi gi site tragi.
        i ne komentiraj pojke nemas nisto pametno kazano dosea“

        Прво разгледај убаво, добро размисли, па после коментирај.

      7. Hahaha, nekoj so stvarno ucel webdevelopment… haha. Ajde time machine i nazad u 90tite. Neznam koj e debilot tuka, nekoj sto se zalazuva deka uste se otvara notepad i se kodira se od 0, ili deka se otvara framework dali toa bi bilo CSS Framework, ili prethoden templejt koj prethodno si go prepoznal deka ti odgovara.. A nekoj sto cel zivot ucel webdevelopment sigurno nema da pravi sajtovi za 300eur za makedonskite firmi tuku si ima bolje rabota.

      8. Што мислиш, дека само за Македонија работиме и дека штанцаме Јоомла темплејти? Над 50% од работата ни е за странство. Нормално дека нема пари ако се работи само за македонскиот пазар. Имаме воспоставено директни контакти со ИТ компании од Шведска (www.limetta.se), Холандија (www.ict-bridge.nl), Канада (AV Technologies) и Дубаи (PME International). Ни праќаат работа да ја работиме овде од Македонија. Искористуваат ефтина работна рака, но за македонски услови е супер.

        Еве некои од проектите за странство: http://www.zonnestroom.eu/zonnestroom-calculator , vakanski.dnw.com.mk/limmeta/html-1/livsenergi_minasidor_minaerbjudanden.html , http://www.zitaxi.nl , http://www.printski.com , http://www.smart2pay.com , http://www.2blacksheep.net , http://www.ict-bridge.nl, http://www.united-solutions.us , http://www.zoyanaskova.com , http://www.navialaw.se и др.

      9. Што мислиш, дека само за Македонија работиме и дека штанцаме Јоомла темплејти? Над 50% од работата ни е за странство. Нормално дека нема пари ако се работи само за македонскиот пазар. Имаме воспоставено директни контакти со ИТ компании од Шведска (limetta.se), Холандија (ict-bridge.nl), Канада (AV Technologies) и Дубаи (PME International). Ни праќаат работа да ја работиме овде од Македонија. Искористуваат ефтина работна рака, но за македонски услови е супер.

        Еве некои од проектите за странство: zonnestroom.eu/zonnestroom-calculator , vakanski.dnw.com.mk/limmeta/html-1/livsenergi_minasidor_minaerbjudanden.html , zitaxi.nl , printski.com , smart2pay.com , 2blacksheep.net , ict-bridge.nl, united-solutions.us , zoyanaskova.com , navialaw.se и др.

      10. @vanco
        Notepad ne notepad… na kraj kraeva… ako nekoj klient pobara nekoja opcija na sajtot sto ke mu recis? izvini nemozam da najdam plugin za toa? ili css frameworkot ili neznam ti sto ne go "poddrzuva toa"?

        so tek na vreme ti si razvivas svoi klasi i ako gi razvivas kako sto treba (so vnimanie na Loose Coupling, i Component Singularity) nemas potreba od takov cms kako joomla.. ako ne si zabelezal kolku e samo spor toj cms.. to e sigurno i pricinata sto itcommk se prefrlile na wordpress.. barev edna od pricinite.

        ili mozebi ne go presmetuvas faktot deka so tek na vreme gotovo resenie ustvari kosta poveke od nego svoe resenie? i deka si ogranicen na toa sto veke e ponudeno, taka da ako se pobara nesto drugo sto go nema vo toj gotov sistem ke treba uste tolku vreme da go prilagodis, da se snajdes vo postoeckiot kod, da pravis extend na veke postoecki klasi (ako ti dozvoluva sistemot) itn itn itn? ili radi calam e samo komentarot?…. razgledaj malce sto e kako e

        bas radi takviot veb dizajn so gotovi templejti kaj nas za 300evra ke rabotis web development… pff i za 100evra ke ti najdam da ti sredet joomla templejt

      11. Vlatko, daj preporacaj nekoi decki ili poedinci sto rabotat dobro web dizajn, da i pustame rabota. Imame dosta rabota, a ni treba pomos, posto ne mozeme da postigneme ovoj period.

      12. Loose Coupling, i Component Singularity – toa uopste ne me impresirase. Dodeka sfakjam deka ne treba da zemes templejt i da zalepis skin i da lupas vesti, ne razbiram sto imas protiv Joomla. Sajtovite na Dejan se super i ako se iskoristat pravite addoni, skinovi i ako go imas pravoto znaenje imas beskonecno moznosti – mnogu pogolemi od tie da pocnes od 0 i da utepas meseci da stignes do nesto.

        Ako bilo taka, ITcommk ko profesionalci bi trebalo da si kodiraat svoj sistem?

        Prethodniot dizajn na IT.com.mk bese Joomla i bese template isto. Pottocno Versatility III od Rockettheme.com. Skoro celiot copyright bese izvaden i bese dosta tesko da se poznae. Osven ako ne vlezes vo CSS im gi poglednes klasite i vidis deka se ustvari isti ko na Versatility templejtot.

        Dodeka so WordPress mozes da postignes skoro se ( ti treba poveke znaenje ) so Joomla treba da zalepis skin, da instaliras nekolku moduli i da teras – toa ne e vo red. Na primer sajtot http://www.kupi.se e odlicen primer za toa kako vo Makedonija se lupaat templejti na golemo. Ne veruvam deka i imaat subscription.

        Kako i da e, nekolku raboti sakav da kazam, deka ne e tolku PROFI veke da se pocnuva od 0 so notepad – poveke e zabluda, osobeno za pogolemite potrebi denes… Isto taka sajtovite na Dejan se vooedno edni od podobrite izraboteni na MK prostorite, barem jas taka mislam (uste da si gi izvadi linkovite od CSS :) ). Za razlika pogledni bluemedia.com.mk (aka 365.com.mk) kako shtancaat templejti.

      13. @vanco… exactly my point (za joomlata i takvi firmi/strani)… a Loose Coupling, i Component Singularity treba da te impresiraat.. prebaraj gi poimite (vo slucaj da ne znaes sto znacat ne navreduvaj se odma) – toa e veke umetnost a ne samo instaliranje plugini.

        itcommk… hmmm ke se vozdrzam vednas od komentar. da imaat super dizajner.. i theurednik e ok… za drugite se vozdrzuvam.
        a spored "celite" na itcommk… da treba da razvijat svoj custom sistem… posto neli tuka se da go educiraat makedonskoto opstestvo… and they've failed so far zosto samo vesti i vesti i nisto drugo osven vesti ima na stranava. izlegle od poentata sto ja kazuvaat.

        i nemam nisto protiv wordpress. nemam nisto protiv bilo koj opensource softver se dodeka e izgraden kako sto treba.. i treba da znaes poveke od install i move to position. joomla e sranje i ke si ostane sranje, no za mn ljuge koi ne razbiraat joomla e resenieto za "web dev firma".
        css ti e 2 dena rabota od 0. barev ke e tvoe i ke ti zeme pomalku vreme od nego da izmenuvas postoecki templejt.
        a za backend.. jas primer koristam CodeIgniter, zatoa sto go ubrzuva procesot i radi MVC mozam golem broj klasi samo da gi iskopiram i so minimalni izmeni da rabotaat.

        da postovaat copyright kaj nas ke bese se porazlicno.

      14. Vo pravo si za Joomla-ta deka e pobavna, slaba e interkonekcijata so bazata, zatoa bavno raboti.

        Idealen CMS za custom dizajn i custom CSS e WordPress-ot. Tamu mozes od nula da pocnes da go rabotis dizajnot i da go napravis spored zamislatga. Nie na pocetokot ja pocnavmre Joomla-ta. No planirame celosno da se prefrlime na WordPress. Mnogu polesno se pravi dizajnot tamu, otkolku vo Joomla. Deka e polesno se voocuva i od dizajnerskite firmi sto pravat HTML od PSD. Na primer: PSD to Joomla zemaat 300 $, a PSD to WordPress 50 $.

        Vo nekoj od pogornite komentari sto velis: ako nekoj klient pobara nekoja opcija na sajtot sto ke mu recis?
        Za se ima resenie. Nema nesto sto ne moze da se napravi, bez razlika sto ke koristis, dali nekoj CMS ili nekoja druga skripta. Ako znaes ubavo PHP, menas gajle, mozes bilo sto da napravis. Taka gi razvivaat i CMS-ite. Znaci nekoj sednal i napravil nekoja nova rabota, nova komponenta, nov plagin i slicno. Znaci ako ti treba nesto, nemas ogranicuvanje, mozes da go vmetnes vo CMS-ot.

      15. Ok, na ista strana sme, no mislam deka vo mnogu slucaevi ne e potrebno da sednes i da kodiras tvoj sistem od pocetok, bez razlika dali bi bilo so CakePHP ili CodeIgniter osven ako veke nema nesto za namena za koja ti treba.

        Joomla, WordPress, Drupal site si imaat razlicni publiki. Dodeka Joomla e grd CMS koga doagja do lepenje na templejt od Rockettheme, mislam deka e dosta korisen za gradenje na community based site (+jomsocial) vo rok od nekolku dena.

        @Vlatko, Dejan – Isto ne se soglasuvam deka Joomla-ta e bavna. Se sto treba da se napravi e da se isklucat site nepotrebni moduli, komponenti i plugini. Potoa da se simne plugin kako CSS/JsCompress http://extensions.joomla.org/extensions/site-mana
        I da se iscisti templejtot od site nepotrebni. Sepak ova najverojatno ke ti zeme dosta vreme ako ne si naviknat.

        Oh btw, moe mislenje okolu CMS..
        ExpressionEngine > Joomla+Drupal+Wordpress

        Pozdrav i ne mislev da navredam okolu LooseCoupling i ComponentSing tuku gi znam terminite, i e nesto sto ExpressionEngine nudi :) Barem vo 2 verzija koja e bazirana na CodeIgniter, i ako rabotis development so CodeIgniter ne bi imal nikakov problem da go koristis ovoj CMS i da izrabotis se sto bi ti pritrebalo. (Nope, neam pojma jas od CodeIgniter, no poleka go razgleduvam I ucam nekoi raboti)

      16. CodeIgniter e izgraden od ExpressionEngine t.e. so kod od ExpressionEngine, Dvata sistemi se od Ellislab. Spored kodot od CodeIgniter, i CodeIgniter i ExpressionEngine se ubavina od sistemi. Perfekten kod, dokumentacija , se!.

      17. Научи ја прво филозофијата на Open Source, па после донесувај судови.

      18. ne sum jas toj sto sudi… ti kaza deka nemalo konkurencija.. od kade toa?
        i jas ucestvuvav.. i veruvaj mojot dizajn ti e konkurencija.. i uzivaj gi imam nauceno rabotite ne sum nov . 0.mk e konkurencija… imase dovolno prijaveni za da imas ti konkurencija

  10. Не мислев на ептен блиски и лични пријатели. Можеби фацебоок или тњиттер пријатели.

    А за натпреварот, интересна ми се виде идејата на почетокот. Планирав да учествувам. Но бидејќи имаше доста време, оставив за крај. Но како одминуваше времето, слаба конкуренција, слаб одзив, се откажав.

    Сакав да учествувам со еден од следните сајтови:
    1. Младинска конференција „Заеднички визии“ http://zaednickivizii.org/ 2. Memorial House od Mother Teresa http://memorialhouseofmotherteresa.org/ 3. Туристичка агенција Одема Турс http://odema-tours.com.mk/

  11. Па не мислев дека ви се ептен блиски бријатели, дека лично се знаете. Можеби twitter или facebook пријатели.

    А за натпреварот, интересна ми се виде идејата на почетокот. И бидејќи имаше доста време за да се пријави сајт за учество. оставив за крај. Но како одминуваше времето до 14 јуни, слаб одзив, слаба конкуренција, се откажав.

    Планирав да учествувам со еден од следните вебсајтови:

    Младинска конференција „Заеднички визии“ http://www.zaednickivizii.org/

    Memorial House od Mother Teresa http://www.memorialhouseofmotherteresa.org/

    Туристичка агенција „Одема-Турс“ http://www.odema-tours.com.mk/

  12. Дејан, дали можеш да ми кажеш на што ги базираш твоите тврдења? Особено делот дека 0.мк или Карамело се блиски пријатели? Дека имало слаба конкуренција, се согласувам, можеби наградите не беа доволна мотивација, можеби луѓето не беа информирани… не знам точно, но знам дека за следниот натпревар ќе се потрудиме повеќе. Што се однесува до местењето и дека ова она било наместено а ти околу тоа си бил 100% сигурен, ми се стварно глупави муабети.

  13. Натпреварот што немаше врска, немаше. Слаба конкуренција, недоволна информираност. Затоа и малку веб страници се пријавија на натпреварот (од кои повеќе од пола не заслужуваат ни да се спомнат, а камоли да учествуваат). За тоа се виновни организаторите. Мислев дека жирито објективно ќе ги оценува сајтовите. Дека со неговиот избор ќе ја спасеа честа на натпреварот. Но не се покажа така, се посрамија. Ај што не ги бива да организираат еден натпревар за веб дизајн, не ги бива ни за критика. Ама си можат. Немаат конкуренција, си прават што сакаат, се со цел да си ги промовираат нивните сајтови и сајтовите на нивни блиску пријатели.
    Знаев дека тоа ќе се случи. 100% бев сигурен. Наместена утакмица, Џаро ми ја кажа.
    Потрудете се наредниот пат да бидете подобри.

    1. Дејан не зборувај глупости. Овој натпревар беше организиран за ит.ком.мк заедницата. Оние кои се активни навреме дознаа за натпреварот и се пријавија. Резултатите беа очекувани со оглед на прикажаното. Барем јас да одбирав кои се победниците ќе беа истите овие сајтови.

      Според постовите на твитер се гледа дека си огорчена личност или пак некој кој можеби го достигнал врвот на светскиот веб дизајн што е многу малку веројатно.

      Можам и јас да кажам за тебе дека си глуп 100% но нема бидејќи не те познавам. Размисли пред да напишеш нешто.

      За ит.ком.мк само пофални зборови и што поскоро уште еден натпревар па можеби и јас ќе се пријавам.

  14. јана, ајде бе, ќе го ставиме морален победник. 500 евра имаш ли? инаку, нема никакви конспиративни елементи во тоа што малиот не доби ништо. причините беа прилично објективни и издржани – го мразиме.

    1. tnx name за ЛИЧНОТО мислење што не е и тоа на IT.com.mk. Секој од администрацијата на IT.com.mk се потпишува со својот FB или Twitter профил.

      1. ѓала, Викторе, шала. :) та, луѓето не се до толку да мора да го објаснуваш ова… :)

  15. Како е можно brkajrabota.mk да не влезе воопшто во првите три, а да биде убедливо победник според гласовите од форумот? Тука нешто не ми штима. Али океј е. o.mk – модератор, ваш пријател другар. Дизајн на сајтот баш 0 :). Се бараше фунцкионалност? Епа бидете ми поздравени и на следниот натпревар нека се пријават повеќе модератори, ако ништо друго нема да има потреба да праќате пп за да им соопштувате како да ги подигнат наградите.

    1. Не го познавам креаторот на 0.mk ниту пак е модератор на форумот. :

      Жирито гласаше за петте сајтови со најмногу гласови од корисниците. За жал brkajrabota.mk не доби доволно гласови од жирито. Затоа и не е меѓу добитниците.

  16. А каква врска има интеракцијата со социјалните мрежи ? Нели натпреваров беше за веб ДИЗАЈН, значи дизајнот е битен ?

    1. Дизајнот на веб страните не е само убава слика, туку интеракција меѓу посетителот и страната. Тоа е барем моето гледиште. Сигурно други ќе се согласат и дополнат, трети ќе ме негираат. :)

  17. Благодарност до сите кои гласаа, жирито и колектив™!
    По повод наградата, сѐ во Caramelo™ е со 20% попуст до крајот на денот!

    Поздрав. :)

  18. колектив™ им благодари на сите кои гласаа за http://caramelo.mk и секако на жирито за третата награда.

    Една мала исправка: caramelo.mk ИМА итеракција со друштвените мрежи на својата КОНТАКТ страница – http://caramelo.mk/kontakt

    Поздрав и честитки и до останатите победници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии