Победник на One Аndroid натпреварот е …

Тоа што е проблем е што повеќето апликации не можат да се најдат на Android пазарот, туку ќе мора да ги листате преку страната на One.

Патоказ (слика горе) е Android апликација која, користејќи мапи и GPS, ќе ви покаже пат до најблиските интересни места кои сакате да ги посетите. Апликацијата е вид друштвен локациски сервис, каде можат да се додаваат објекти, може да се коментира за објектите и интересните места и истите информации можат да се споделуваат на друштвените мрежи.

Virtuelno SK e второнаградената апликација со проширена реалност која користејќи ја камерата насочена кон некој позначаен објект во Скопје, ви прикажува слој од детални информации за тој објект на екранот на телефонот. Пример, го посочувате телефонот кон Камениот мост и добивате информација за истиот, за кога е направен или дека го поврзува плоштадот.

Контроверзната MyBudget, која првин беше дисквалификувана, потоа вратена заради немање, односно имање македонски јазик, го освои третото место. Оваа Аndroid апликација е за следење, контрола и анализа на сопствениот буџет. Со неа ќе може да си го прегледате буџетот, да ги анализирате трошоците, има можност за внесување на кодот на продукти и опција за менување на валута. Најавена е нова верзија со опција за променувањето на јазици.

Сите 11 најдобри апликации од One Аndroid натпреверот.

39 коментари на “Победник на One Аndroid натпреварот е …

  1. Ги цениме сите критики кои се однесуваат на нашата работа сеедно добри или лоши, како и сите конструктивни коментари, и искрено се заблагодаруваме за големата поддршка што ја добивме. Ни беше чест да се натпреваруваме во силна конкуренција и да запознавме многу колеги кои ги интересираат истите работи како и нас, и со кои би можеле да соработуваме и разменуваме мислења.

    Поздрав,
    Јосип и Димитар

    сепак требале три дела :) 3/3

  2. Кај нас секогаш е предизвик да се учествува на натпревар, за жал не само поради конкуренцијата и натпреварувачкиот дух, туку и поради тоа што ќе каже чаршијата. Затоа одговорно изјавуваме дека до вчерашното свечено доделување на наградите не познававме ниту еден од членовите на жирито, ниту пак некој кој бил вклучен во организацијата на натпреварот. Исто така сакаме да истакнеме дека Патоказ ги следеше и ги исполнува сите услови и правила поставени од организаторот и во ниту еден аспект не отстапува од нив.
    Во организацијата на натпреварот и ние забележавме недоречености, но ова е прв натпревар од овој тип којшто беше организиран од ОНЕ, и само втор во Македонија. Пред се’ за поздравување е тоа што некој воопшто организира натпревари, затоа што наградните натпревари за програмери кај нас се вистинска реткост, а се повеќе од потребни.

    При изработката на Патоказ главна цел ни беше да вметнеме што поголема функционалност и општа применливост (притоа дури некои покомплицирани идеи и не стигнавме да ги имплементираме и ги оставаме за некоја подоцнежна верзија), и дизајнот на истата ни беше во втор план. Ги прифаќаме забелешките за нејзиниот изглед и активно работиме на подобрување на истиот како и на стабилноста на апликацијата.

  3. На почетокот би сакале да им честитаме на останатите добитници на награди како и на сите што земаа учество на натпреварот, и се заблагодаруваме на сите за честитките до нас.

    Би сакале пред се’ да корегираме некои од изнесените информации во статијата:

    Прво, автори на Патоказ се Јосип Јосифовки и Димитар Солев (едно име фигурираше единствено затоа што тоа беше правило на натпреварот);

    Второ, описот на апликацијата не оддава вистински впечаток за идејата на истата. Најкраткото објаснување е: Патоказ е интерактивна апликација за криеирање, меморирање и споделување патеки на движење на корисниците, превземање на патеки од јавен интерес; означување, лоцирање и објавување на објекти од јавен интерес; поврзување и комуникација помеѓу корисниците. Подолгото објаснување за функционалностите на Патоказ(кое е всушност и концептот на идејата со која аплициравме во првиот дел од натпреварот) можете да го најдете на http://www.facebook.com/topic.php?uid=11007631572… додека пак начинот на кој се користи апликацијата е прикажан на http://www.youtube.com/watch?v=H98HjytAlV4

    1/2

  4. Честитки до победниците , иако пола од нив не заслужуваат ништо… Натпреварот беше лошо организиран… Али… Битно се обиделе.

  5. Abe luge. dosta se zamarate so koj kako so kade i zaso. Fakt e deka i dvata natprevari i Vip i One bea namesteni i nikoj nisto ne moze da napravi. Sepak cestitki do site i prodolzete si so rabota, ne e vazno koj pobedil vazno e da se ucestvuva.

    1. Спомна факт. Покажи го. Но, и да биле наместени (сериозно се сомневам) со @VipMK никој не изгуби: и фирмата си направи реклама, си доби апликации за користење, а програмерите (и ненаградените) се здобија со знаење во област што моментално има побарувачка за работа. Кај @One знам дека фирмата изгуби во многу, но нека остане до тоа, немојте и учесниците да изгубат потврда за трудот само заради (немањето) некој факт….

  6. Натпреварот во целина, имаше пропусти, но тоа не е причина да се напаѓаат наградените. Секој си има свој фаворит и можеби некои квалитетни апликации останаа без награди, но никој не остана со 0 поени. Објавени беа само сумираните поени (значи читај убаво, СУМИРАНИ ПОЕНИ), и одлука на ОНЕ беше да не го објави целосно начинот на сумирање и гласање и добиените поени. Сепак во правилата стои дека организраторот го задржува правото да смени нешто, доколку мисли дека така треба. Сите учесници ги знаеа условите пред да се пријават. Не се знаеше само начинот на гласање од публика. Но за дополнителни информации можеше да се праша. Мене лично ми одговорија на секој испратен mail.

    И како што кажа @azder бидете задоволни со стекнатото искуство, и во програмирање и во промоција на производот, кое што никој неможе да ви го одземе.

    Поздрав
    2/2

  7. Најпрвин честитки до победниците! Мислам дека се е во ред со изборот за првите три апликации, иако како учесник, нели би сакал и јас да се најдам таму. Уште одма може да кажам дека лично не познавам ниту еден од наградените…

    За најконтраверзната апликација МојБуџет, може само да кажам, аман престанете да измислувате афери и неправилности, бидејќи ништо не згреши авторот на апликацијата. Па човекот ја локализирал апликацијата не само на Англиски и Македонски, туку и уште три јазика! Колку од вас учесниците се потрудивте да ја локализирате апликацијата на повеќе од 2? Јас не…

    Во Вип Андроид предизвикот, на пример, исто така беше задолжително апликацијата да е на Македонски и плус уште некој ако сакате. Јас ја направив апликацијата на англиски и ја локализирав на македонски на ист начин како и МојБуџет, и после испратив mail до Вип, да прашам дали е тоа правилниот начин бидејќи на официјалниот сајт на Андроид е така нагласено и тие ми одговорија потврдно. Значи можеше да се претпостави дека и за ОНЕ натпреварот ќе биде исто. Единствена грешка на авторот на МојБуџет е што можеби никаде во официјалната документација нема наведено дека апликацијата е локализирана на повеќе јазици, т.е на македонски и слично.

    1/2

  8. @Banco tokmu toa e problemot so ne e rabotata vo podobra aplikacija, imase daleku podobri i pokorisni aplikacii, no sepak tie (vkupno 45!) ne dobie nitu eden poen?! Ova i te kako ne vregja i go omalovazuva nasiot trud. Taka sto ne tuku branete edna ili druga strana koga nit imate ucestuvano nit imate neso bitno da kazete otkolku samo da posolite pamet. I da one gi dava parite i kje si pravi kako so si saka, ama pred toa treba da kaze deka nema pravila i deka kje bide se po nivno. Taka nemase da ucestvuvame neamse ni da se bunime sega.

    btw placenje e koga se bunis zosto ne si pobedil vo fer igra, a da ne se bunis pred volkava nepravda znaci samo deka si glup i deka prodolzuvaat da te manipuliraat.

    i normalno deka pod psevdonim, poso odma kje pocne a pa tvojata sto e aplikacija.. nema ni ova nema ni ona.. mojata bese poubava… ili ti se imas zamereno so ovoj zatoa go plukas…

    znaci ne e licno moj problem so one, tuku na site so ucestvuvaa vo natprevarot…

    @the lammer mn e glupo da si gi branis drugarcinata po komentari.. stvarno… ako imas neso korisno da kazes, kazi.

    Vsusnost ima li nekoj izdrazani argumenti deka One natprevarot bese celosno fer i site pravila bea ispocituvani??

    1. Епа вака значи, воопшто не пишав никаде дека натпреварот беше фер и коректен и транспарентен и слично. Имаше доста пропусти, но сепак победничките апликации не се воопшто лоши. А наместо мене да ми викаш да кажам нешто корисно и да не си ги бранам другарчињата, прочитај прво ти што имаш напишано? Нешто корисно!? Ајде бе, секогаш постои некоја теорија на заговор, и муабет дека се е наместено и дека никој кај нас во државата не е компетентен да направи нешто како што треба. Од каде муабетите дека Дамјан гласал за "другар му" Јан, од каде знаеш дека тие двајца воопшто се познаваат? Или не е можно некој од жирито да гласал за апликација што му се допаднала. Штом не гласал за тебе, мора да е наместено!

      Инаку со ниту еден од победниците не се познавам, и јас учествував во натпреварот и изгубив, и незнам дали некаде може да прочиташ како јас напаѓам некој или како се трудам да нагласам некоја апликација од поразените дека е најдобра и заслужува да победи.

      Поздрав

  9. One ги дава парите, One си прави како си сака.
    Не е ова гласање во Обединети нации, па да дадат „официјален број на пораки“. Ако сте разочарани од One, не купувајте ништо од нив — како што направив јас.

    На страна тоа што повеќето критики се објавени под псевдоним, изгледа дека и тие имаат што да сокријат — на пример, еден од оние кои не добиле награда за својата (инфериорна) апликација.

    Плукањето по колеги-програмери, како што рече Аждерот, е плукање во сопствениот бунар. Не позеленувајте од завист, направете подобра апликација!

  10. Не сакам ништо посебно да кажам за Оне, не да ја е*** работата до толку што заслужуваат песна „99 fails of One at the game“, туку не ја заслужуваат ни целава реченица што ја пишав за нив.

    До сите овде што имаат негативни коментари за колегите програмери учесници на натпреварот:
    има место за критики, и позитивни и негативни, но се додека се конструктивни.Запомнете, без разлика дали се било како што треба според вашите стандардни за фер игра, барем имаа храброст, желба и време да се справуваат со сите препреки што ги поставија пред нив. А не беа малку. Имаа повеќе проблеми од што и самите очекуваа, а и вие би сакале да ги имате.

    До учесниците на натпреварот:
    Браво. Не дека сите апликации ги задоволуваат сите можни критериуми и вкусови на секој потенцијален муштерија, туку затоа што и покрај учењето на андроидот и програмирањето за него, научивте и животна лекција за тоа што значи да се промовира свој производ. Во иднина ќе ви користат сите искуства што ги здобивте од натпреварот, позитивните, а претпоставувам уште повеќе негативните.

    Поздрав.

    П.С. Претпоставувам дека конечно ќе ги видам апликациите на Android Market за конечно и јас да ги инсталирам (од принцип не сакам да ги инсталирам од One-овата страна). И нормално се надевам ќе ме известите за да ги додадам на листата со македонски андроид апликации http://at.azder.mk/mkapps

  11. @T-mobile Taka e tie se megjusebe poznavale i si razmenuvale poraki na twitter otkako
    bese diskvalifikuvana spomenata aplikacija. Ovaa e odgovorot na Damjan Georgievski clen na zirito: http://twitter.com/gdamjan/status/121801591970938… na zalbata na diskfalifikuvaniot natprevaruvac.
    Inaku obicni korisnici na aplikacijta bi trebalo da imaat opcija vo samta aplikacija da izberat makedonski jazik sto bese i del od uslovite vo pocetokot na natprevarot za POTOA da gi smenat.
    Zalno e toa sto se ispraka neubava poraka deka na kraj ne se ceni vlozeniot trud. Sramota za edna kompanija sto se obiduva da bide del od naseto sekojdnevie.

  12. Me raduva toa sto barem tie so komentirale znaat kakva prevara bese natprevarot. Kako i da e najinteresna aplikacija koja bese tolku dobra za da vlezze vo prvite 10 i toa spored poenite od zirito bese na 3 mesto e ONEдроидСМС. Oficijalen opis daden za aplikacijata

    "…. Така секој кој е во движење ќе може да пишува СМС пораки и воедно да гледа во својот екран каде се движи. Апликацијата може да биде користена од сите старосни возрасти и истата група на корисници која денеска го користи сервисот СМС. Апликацијата ја користи постечката инфраструктура и постоечките поставки на телефоните. Дополнително се користи камерата во позадина за да корисникот гледа каде се движи…".

    tolku e "sodrzajna" aplikacijava sto mora dva pati da kaze deka e ustvari aplikacija koja sprecuva teski povredi nastanati pri sudar so bandera, drvo i slicno.. :)

    Navistina korisna aplikacija, i zasluzuvase da bide na prvo mesto, no ete..

    btw. Jan Marincek ne zivee vo slovenija tuku vo skopje i raboti vo Seavus. Isto taka i Јовица Kузманоски, kreatorot na Берзанско портфолио. A Глигор Дачевски, clen na zirito e koosnovac i kosopstvenik na Seavus.
    Isto e mnogu bezobrazno i glupo "glasanjeto" od zirito. Prvo ne znaea da smenat jazik a se kompetentni da ocenuva android aplikacii ??? Vtoro komentiraa za aplikacii koi gi nemaa ni instalirani ili detalno probani. Treto Дамјан Георгиевски, drug cel vo zirito, javno kaza (http://twitter.com/#!/gdamjan/status/12180159197093888) deka glasal za drugar mu i deka ustvari celoto glasanje od zirito odelo na takva baza. Nekoj ako go poznavas ili ima fateno vrski i slicno…

    Posle ova One ne da si narusi ugled, koi i taka go nemase, tuku i na sleden "natprevar" nikoj nema da im se prijavi.

    1. Хахаха браво бе Ти мобајл. Апликација која те штити да не се судриш со бандера? Да, оргинална идеја можеби, али кога имаш пишувано порака со телефонот вперен нанапред, т.е кога си пишувал порака, а телефонот да не ти бил свртен према надолу?

      И да, кај ги погоди сите врски во натпреварот? Само незнам дали знаеше, Дамјан од жирито му е на Маринчек вујко од другарот на немажената му машка стрина!

  13. Овај Јан Маринчек е од Битола, живее во словенија. Учеше во истото училиште во кое учам и јас, па еден професор на сите класој му рече да пратат по една порака за него. важно си победи, и ********* го боли.

    1. aplikacijata si e vo red. a za glasanjeto sekoj mozi da si organizira da si glasa kolku so saka ne e zabraneto. iskreno jas mislev deka deka МојBudzed ke bidi ili prva ili vtora no ova patokaz kuznaj od kade izleze. aplikacijata ima najgolema stabilnost za razlika od drugite aplikacii i na kraj koj gubi ima pravo da se luti. pozz

  14. 1. Патоказ – добра замисла, глупа реализација, ништо не се сваќа
    2. Virtuelno SK – веќе видено во,работи на јаки телефони, плагијат, слична таква во VIP Android, PlaceView
    3. МојБуџет – преку Дик од вакви глупи апликации
    4. ONEдроидСМС – плагијат
    5. Топ форма – досадна апликација, ги има милион вакви
    6. NajdiAvtobus – едноставна апликација
    7. TriPPlannerMk -добра замисла и добра реализација
    8. MK Transport – добра замисла, добра реализација ги опфаќа сите транспорти
    9. Моби Тренер – досадна апликација
    10. aBusTripMK – добра замисла, најлоша реализација

  15. Po neprofesionalen natprevar zdravje.

    Kriteriumite neispocituvani, top 11 aplikaciite daleku od kvalitetot na onie koi nemaa dovolno prijateli.

    Primer za aplikacii koi nevlegoa a zasluzuvaat 1 – 3 mesto.

    TvVodi
    Avtobusko
    Vozi se

    Aplikaciite kako patokaz (po los interfejs do sega ne sum vide), MK transport (so slikite od JSP – pa toa ne e programa toa e samo link kon stranata na JSP.). Top Form (Raboti samo na Standardna rezolucija). One Android SMS (aplikacija napravena za 10tina minuti so iskoristuvanje samo na kamera i SMS) ili pak berzansko portfolio,

    Ova e najgolem MKFAIL do sega.

    Spored mene najdobra e Mobi Trener

    ONE samo napred vo organiziranjeto na skandalozni natprevari

    1. Ај да си избереме сите по еден сајт и да направиме апликација од него, кај е, и во што е квалитетот и иновативноста на ТвВодич? … или пак во апликација што паѓа нонстоп, посебно кога нема интернет/GPS, или пак можда ти си автор на една од овие апликации? Сепак да, кој губи има право да трола.

  16. Овој натпревар докажа колку е лоша и самата компанија штом може да си дозволи да мести натрепвари од ваков тип. На овој натпревар имаше и навистина одлични апликации кои беа многу по професионално направени, по моќни апликации кои навистина беа иновативни и по потребни, а сепак не влегоа во првите десет (упс единаесет :) ). One замачка со гласовите и поените и со начинот на гласање т.е. на крај како што кажа Tester објави некои поени кои не се знае ни како се добиени ни според кој критериум. Па доволно е да се види дека на Web сајтот на One правилата кои се објавени за натпреварот на нивниот сајт (http://www.one.mk/default.aspx?SectionID=1102&pos=5) во голема мера се разликуваат од официјалните правила кои се закачени на истиот сајт во PDF форма (http://www.one.mk/webcontent/document_library/2010/android/pravila-za-ucestvo.pdf), а натпреварот не се спроведе ни според едните ни според другите правила.

  17. Честитки за победниците. Ме интересира по кој критериум се доделувани поените? Ги видов трите апликации ( 1,2,3) и мислам дека разликата во бодови помеѓу првопласираната апликација и второпласираната не е реална. И двете апликации ги искористуваат можностите на Android максимално.

    1. Ако добро си ги разгледал двете апликации ќе видиш дека има многу голема разлика меѓу двете. Да, второ пласираната употребува многу од можностите на андроид, меѓутоа прво пласираната употребува многу повеќе. Еден пример е тоа што, првата можат да ја користат корисници од цела Македонија, додека второ пласираната е наменета само на еден дел од Скопје.

      1. Ама може да се направи форма за такви подесувања во апликацијата и од таму да се менува локале, а не да се инсталират додатни апликации за тоа:)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии