Иако LeWeb станува се попопуларен и поголем настан, и беше пренесуван во живо преку Ustream, сепак многу од посетителите беа незадоволни – на LeWeb првиот ден немаше пристап до интернет (нешто слично на нашата е-Општество.мк која се одржа на истиот ден со конференцијата во Париз).

Viewdle (Украина)

Viewdle е дигитална платформа за пребарување во онлајн видеа која автоматски го индексира лицето што овозможува пребарување на личноста. „Можноста да добиете илјадници видеа кои немаат никаква врска со Парис Хилтон (Paris Hilton), се мали со Viewdle со кој може да бирате и специфични настани како на пример кога Парис излегува од затвор или кога таа влегува во својот автомобил.“ дизајнерите на Viewdle на кратко ги опишуваат можностите на овој проект, кој започна во 2006.

Од самиот почеток Viewdle има успех. Доби голем број награди и огромна подршка од потенцијални инвеститори. Моментално новинската агенција Reuters го користи Viewdle, проект кој доби златна награда од жирито на LeWeb ’08.

Webnode (Република Чешка)

Webnode е програм за создавање на веб сајтови (web site builder), изграден од Westcom Ltd. во 2006 година. Иновацијата е што е лесен, пристапен и сé се случува преку интернет – нема инсталација на софтвер – што значи креирајте корисничко име, направете сајт и средувајте го кога сакате и од каде сакате, сé што е потребно е интернет конекција.

Едноставноста на Webnode е што работи на plug-and-play принципот, едноставно ги имате алатките, опциите и сето останато – вие само наредете ги како сакате. Друг потенцијал е што бројот на понудените алатки ќе може постојано да се зголемува, нема потреба од надградување на програми или додавање на екстра апликации. Webnode го озвои среброто на LeWeb.

Zoover (Холандија)

Кој сака патувања ќе го сака и Zoover Holiday Reviews. Ова е веб сајт кој е отворен за сите и кој нуди разни информации за туристи или патници. Рецензии на хотели, ресторани, плажи, популарни места, градови, земји, слики … сличен на TripAdvisor.com и други туристички сајтови. Zoover ја доби бронзата на LeWeb.

Silentale (Франција)

Овој проект jа доби наградата од публиката на LeWeb. Инаку Silentale сеуште е во алфа верзија, но би требало да биде сервис кој ќе овозможи лесно архивирање на дигиталните разговори и нивно лесно пребарување од било која локација.

Nimbuzz (Холандија)

Nimbuzz е бесплатен сервис кој комбинира ИМ и VoIP преку интеграција на популарните програми како Skype, MSN, Yahoo! Messenger, ICQ, Twitter, Jabber и други друштвени сајтови како Facebook и MySpace.

Оваа апликација благодарение на позиционирањето на пазарот како најголема платформа за ИП-базирани глобални комуникации за мобилни уреди откако ги објави Java и Symbian клиентите кои овозможија апликацијата да работи на над 500 уреди во 50 земји, веднаш доби големо внимание од страна на медиумите, инвеститорите, како и самите корисници.

Nimbuzz во јуни оваа година во втора рунда доби инвестиции вредни 15 милиони долари, дополнително на првичните 10, со што докажа дека компанијата има голем потенцијал и може да очекуваме пријатни изненадувања во блиска иднина.

Shout’em (Хрватска)

Shout’em претставува платформа за создавање ваш сервис за микро-блогирање.

„Нешто слично на Twitter, со повеќе опции на Pownce. Ваше е да одлучите :) “ е објаснувањето на дизајнерите на Shout’em.

Ова е платформа за креирање на свој сопствен сервис, кој може да биде приватен и според вашиот вкус. Shout’em овозможува да се воспостави сервис сличен на Twitter ограничен на една заедница, компанија (како Yammer) или тотално приватен сервис на комуникации.

Сите 30 пријавени проекти:

1.
2Win-Solutions – Франција
2.
3scale networks S. L. – Шпанија
3.
Apture – САД
4.
Box.net, Inc. – САД
5.
Brozengo SA – Франција
6.
Charge Ventures – Малта
7.
Cmune – Кина
8.
ConTrust – Израел
9.
DoctorSIM – Шпанија
10.
Edicy – Естонија
11.
Haploid – Франција
12.
IZI-collecte – Франција
13.
Kaltura – САД
14.
MyID.is Certified – Франција
15.
Nimbuzz – Холандија
16.
Popego Inc. – САД
17.
Producteev Inc. – САД
18.
Publing – Франција
19.
Radionomy – Белгија
20.
Samedi GmbH – Германија
21.
ShoutEm Ltd. – Хрватска
22.
Silentale SAS – Франција
23.
SquareClock – Франција
24.
Tellmewhere – Франција
25.
Trendiction – Луксембург
26.
Viewdle, Inc – Украина
27.
Webnode.com – Чешка
28.
Zavedenia.com – Бугарија
29.
Zipipop Ltd (Zipiko) – Финска
30.
Zoover Holiday Reviews – Холандија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии