Што сé се разговараше на конференцијата можете да прочитате на официјалниот веб сајт, на TechCrunch EU, кои се медиумски партнери на конференцијата, и сигурно има информации некаде на интернет.

Првото место го освои Stribe, што е ‘plug and play’ веб сервис кој прави друштвена мрежа од било кој сајт. Stribe нуди само JavaScript код кој се имплементира во еден веб сајт и имате интеракција меѓу читателите, односно посетителите. Подолу е видео презентација за Stribe од TechCrunch 50 конференцијата.

Среброто се додели на Tigerlily, интересна апликација за полесно менаџирање на корпоративните профили на Facebook, со додатоци за промоција, квизови итн. Бесплатаната верзија на Tigerlily можете да ја пробате и самите. Pro верзијата овозможува преглед на статистиката и други ексклузивни додатоци.

Третото место е доделено на CloudSplit, алатка со која во реално време се пресметуваат трошоците за водење на еден „облак“, давајќи преглед на сите трошоци пропратени со аларм во случај да се зголемат трошоците за некој сегмент на „облакот“ за кој се плаќа не само местото за складирање на еден сервер, туку и закачување и симнување содржина.

Тоа се наградените проекти. Од останатите натпреварувачи би ги издвоил RunKeeper. Ова е апликација за iPhone која се користи за фитнес, мерење на трчањата, користење на GPS и мапи, споделување на вежби на интернет итн. RunKeeper не е интересен проект бидејќи е нов и иновативен, туку го спомнувам бидејќи се најде меѓу одбраните 16, а сепак е нешто веќе видено тука. SportyPal е слична ваква апликација изработена од македонски развивачи, само што работи и на Android, не само на iPhone.

FriendBinder е уште еден проект кој е поврзан со друштвените мрежи, кои очигледно се голем инспирација за изнаоѓање решенија да се искористат сите тие вмрежувања. FriendBinder е платформа преку која ги здружува вашите пријатели од различни платформи, без врска дали се на Twitter или Facebook, вие само ги додавате на вашиот FriendBinder и ги имате сите нивни постови на едно место.

На LeWeb ’09 се појави и Mendeley, апликација наменета за академици и научници и се користи за менаџирање и копање на податоците за истражување. Податоците се извлекуваат од најразновидни извори.

Task.ly е сервис кој се користи за организација. Основачите го споредуваат со Google Wave, но наместо менаџирање на пораки, Task.ly овозможува организација и планирање на обврски.

Друг доста интересен проект е Hyperwords, додаток за Firefox и Chrome, кој овозможува лесна интеракција со зборовите на интернетот. Само одберете збор, одберете команда и добивате дополнителни информации, линкови, пребарувања…

Меѓу останатите проекти-почетници на LeWeb се најде и GetinLive, спортски веб сервис за анализирање и предвидување на натпревари од англиската Премиер лига. Сервисот е интересен бидејќи нуди статистика и податоци за тимовите, а предвидувањата се базирани според корисниците и според статистиката.

За крај еве ја листата на сите 16 одберени start-up проекти кои се преставиja на LeWeb ’09. Кликнете на линковите и разгледајте.

Бонус: Победниците на LеWeb 2008

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии