Победниците на IT.com.mk Награди 2010

Најдобар проект во категоријата “.мк сајт на 2010” е сајтот Мафиа.мк. Сајтот кој стартуваше во март годинава  и е помеѓу првите македонски веб базирани игри и убедливо беше изгласан како сајт на годината од страна на публиката. Има две интересни факти врзани со овој веб сервис, односно веб игра. Првиот факт е што имаат посветена корисничка поддршка, а вториот е што Мафиа.мк е можеби еден од единствените македонски веб стартапи кој успеа за кратко време да привлече илјадници корисници, тргајќи ги на страна неколкуте агрегатори за вести. Првата верзија имаше 20.000 играчи, додека втората верзија за само неколку дена достигна бројка од над 5.000 играчи. Дополнително Мафиа.мк започнува и бизнис во Бугарија и Србија што за македонски стартап е доста голем успех и предизвик.

Личност на годината е малиот генијалец Марко Чаласан кој стана најмладиот Microsoft систем администратор во светот во 2010-та. И неговиот избор, како и изборот на Мафиа.мк, си носи своја симболика. Македонија има куп генијални млади ИТ професионалци и ентузијасти, но нивниот талент е заглавен во македонското егзистенцијално секојдневие. Марко можеби (барем ние би сакале да гледаме на него така!) е идниот претставник на младите ИТ професионалци на Македонија во светот.

Компанија на годината исто така според мнозинството на гласови од публиката е Vip оператор. Младиот оператор кој пред некој месец наполни три години стана навистина сериозен играч на македонската мобилна сцена, стартувајќи го првиот Android натпревар во Македонија, донесувајќи го Windows Phone 7 телефонот и првиот таблет на пазарот Dell Streak, овозможувајќи сервиси како Facebook@SMS и Twitter@SMS и доближувајќи се до корисниците преку друштвените мрежи како алатка за промоција и дополнителна корисничка поддршка, како признание на доброто управување со овие алатки е и признанието најдобра компанија-твитерџија на неодамнешните 140.мк Twitter награди.

За #mkfail на годината е прогласена македонската академска истражувачка мрежа МАРНет, управувач на .мк доменот. Агенцијата која треба да овозможи шанса да се пристапи полесно и побрзо до интернет, која треба да биде модерна алатка е сé освен она што треба да биде. Скоро античкиот процес за регистрирање домени и менување на DNS сервери со писма (кои често ги губат) едноставно го отежнува регистрирањето и нормалното функционирање на .мк веб просторот, а и од неодамна цензурираа регистрација на wikileaks.mk без да објаснат зошто, да не заборавиме и дека заради глупави бирократски причини не ни го дозволуваат и IT.mk доменот.  Единственото позитивно кај МАРНет е што од 1 јануари 2011 година, агенцијата ќе биде преземена од Министерстрво за информатичко општество за кое се надеваме дека ќе го среди регистрирањето и ќе го модернизира целиот процес.

Честитки до сите! …. освен до МАРНет, you fail!

*Full Disclosure: IWM Network, чиј бренд е IT.com.mk, соработува со Vip оператор на полето на интерактивен маркетинг. Но, и покрај соработката, изборот на Vip за компанија на годината пред се доаѓа од големиот број на гласови од публиката и како што беше ветено, целта на Наградите е промоција на најиновативните и најдобрите, не правење местенки.

48 коментари на “Победниците на IT.com.mk Награди 2010

  1. Предлог:
    За фирми слично. Дали направиле нешто во ИТ сферата, или ако нема такви. Нграда дали освоиле барем во Мк, да не зборуваш што во 2010 некои ИТ добија и награди на светско ниво.

  2. Предлог:
    Кандидати за личност на годината да бидат некои кои навистина се истакнале таа година.
    Добиле награда на светско ниво, воделе некој огромен проект, или многу важен. Сеедно. Има такви луѓе.

  3. Честитки за победниците.

    Сепак слична е ситуацијата како ланскиот избор.

    Нема никакви валидни криериуми за пријавување, а па затоа и изборт излегува како карикатура

  4. Супер избор, само немојте Марко да го мачите вака од мали години. За да станиш инженер треба искуство,школо,иновативност и слобода.
    Самото ограничување на продукти од Микрософт ќе му го потисни талентот. Од млад генијалец ке правиме ѕидар кој ке одржува софтвер произвден од американска компанија ???
    Треба детето да се мотивира да работи во нови полиња и да работи на нешто ново, иновативно и не да учи како да инсталира Виндовс. Тоа е работа на „ѕидарите“/администраторите, на генијалците работа е да создадат нешто ново кое ќе генерира промени кон подобро во дадената област.

    1. апсолутно се сложувам со двајцата. изгледа мама и тато се микрософт фенови :)))). Точно дека мора под итно да оди надвор и да си игра со другите деца, а не да го малтретираат сите по интервјуа и слични глупости.

  5. aj ne navlagam za sajtovite zatoa sto biznis si e biznis i toa taka si ide.
    ama aman so ova detencevo na koe roditelite imaat da mu plakjaat da se zeza na kompjuteri uste od mal. a be bash nisto posebno ne naprailo.
    znam milion deca koi mozat i povekje ama nema koj da gi "turka".

  6. Не се изговори, туку реалност. Да, имаше пропусти, но тие пропусти не влијаеја на конечниот исход и прогласувањето на победниците во соодветната категорија. Целта на наградите беше промоција на оние кои заслужија на .мк ИТ сцената.

    Свесни сме дека како и да се одвиваа Наградите, па и со Captcha и без Captcha пак ќе се најдеа негативни критики од причина што секој си има свое мислење за тоа кој е најдобар, она погоре е мислењето на мнозинството од публиката со кое немора да се сложите, но немора и да се мрчи за тоа. И ги прифаќаме сите критики и ќе поработиме на имплементирање на сите сугестии за нарадната година.

    Порелаксирано малце… :)

  7. Ако веќе навлегуваме во тоа, требаше навремено да ги исчешлате или ватевер, и да си се соопштат на денот. Каков килав изговор еј…

    Со ова одговориве/изговориве уште повеќе се резилите. Изборот беше fail, шмрц, шмрц… Но без гајле, догодина ви е загарантирана победата во mkfail категоријата.

  8. Aко веќе навлегуваме воа таа дискусија, да те информираме дека се каснеше затоа што детално се чешлаа логовите на гласовите, се бришеа оние лажни, сомнителни и гласови преку прокси, кои за жал ги имаше многу.

    1. Ако веќе навлегуваме во тоа, требаше да ставите Captcha. Не ми се верува како IT ориентиран сајт може да направи таква непромислена грешка. Али, верувам дека и за ова има "логично" објаснување. И, како може некој со 0 гласови да има 4% од гласовите, а друг со 7 гласови да има 0%? :))

  9. Јас само можам да претпоставам каква галама ќе кренеа други да го организираа изборов (не наградиве – пошто, нели, не се награди). Прво кикснаа со тоа што немаше никакво класифицирање по категории, после се изрезилија со математиката и процентите за време на гласањето (0 гласови – 4%! :))), за на крај да каснат цели 2 дена со објавувањето на резултатите…

    Да го организираше ова некој друг, сеа ќе спамираа со #mkfail по твитер… Предлог за нов таг: #itcommkfail :)

  10. Изборов везе си нема… Како прво, fcinter.com.mk цело време водеше во изборот за најдобар сајт, и на крај победник mafia.mk. АБЕ АЈ!!
    Второ, Баба Ратка беше ДАААЛЕКУ пред било кој друг во избор за лице на годината, ама пак не победи "изборот на публиката".
    Најбитна работа, FAIL на годината требаше да биде гласањево, пошто имаше опции кои имаат 0 гласа, а процентуално 4% од сите гласови. FAIL НЕВИДЕН!!!

  11. Тоа што каснеле 2 дена не било критична точка… објавување резултати од избор кој го организираат самите им касни 2 дена, замисли ги ликовиве во државна администрација, на пример да водат институција ко МАРНЕТ, или во министерство, ќе касниме светлосни години…

  12. Ваша журка, ваши признанија. Секогаш ќе има различни мислења кој требал кој не требал да победи, така да не навлегувам во такви дискусии, туку ќе им честитам на сите победници.

    Она што ми смета е што ги „рекламиравте“ со статија мафиа.мк во текот на гласањето http://it.com.mk/mafia-mk-startuva-nova-sezona-se… па сега малку ми е смешно. И не, не е доволен аргумент „имаа најмногу гласови“, бидејќи како што гледам не важи тоа за тие категории. Но нејсе, догодина нова журка! :)

    1. Зарем треба да игнорираме дека .мк сервис стартува нова верзија, да ги цензурираме бидејќи се први на листа од гласови од публика? Пишуваме за македонски сервиси, приоритет е тоа, без врска што и какви се.

      За да нема други забуни, IT.com.mk никако не е поврзан со Мафиа.мк

      1. Еј не ме зезајте! :) Демек ако почекавте до после изброт ќе прошаднеше новиот сервис? Не тврдам дека ИТ.ком.мк е поврзан ниту па е нешто страшно да сте поврзани со „мафијата“ ;) Само јас сметам дека таа постапка не беше нити фер нити професионална. Се' друго е прашање лично убедување.

        Поздрав!

  13. Се на се, испадна многу лош изборов/наградиве. Најголемиот пропуст и несериозност е што соопштувањето на победниците наместо на 26 декември како што беше најавено се случи на 28 декември. 2 дена штама. Можеби некои од читателите го сфатија многу сериозно изборов, затоа што организаторите генерално се критички настроени и обожаваа да пишуваат за фејлови, па оставаа впечаток на сериозни. Но, се виде нивната сериозност. Сигурно во иднина кога ќе посакаат да критикуваат други избори ќе се подзамислат малку и ќе им текне дека не е се така едноставно во пракса.

    Туку, убеден сум дека им е криво што нивните 30% од гласовите не беа доволни за да го прогласат Тајм.мк за победник, па мораа да изберат друг победник.

    1. Изборот е според публиката пред се. Зошто мислиш дека твојот или мојот избор е правилниот. Мнозинството гласаше.

      Тоа што касниме 2 дена, да, имаше пропуст но не беше критичка за што и да е. И btw Тиме.мк не беше фаворит од жирито, всушност 4 од 5 луѓе си гласаа за различни сајтови :). Нема потреба од гневни шпекулации.

  14. Се на се, испадна многу лош изборов/наградиве. Најголемиот пропуст и несериозност е што соопштувањето на победниците наместо на 26 декември како што беше најавено се случи на 28 декември. 2 дена штама. Можеби некои од читателите го сфатија многу сериозно изборов, затоа што организаторите генерално се критички настроени и обожаваа да пишуваат за фејлови, па оставаа впечаток на сериозни. Но, се виде нивната сериозност. Сигурно во иднина кога ќе посакаат да критикуваат други избори ќе се подзамислат малку и ќе им текне дека не е се така едноставно во пракса.

    Туку, убеден сум дека им е криво што нивните 30% од гласовите не беа доволни за да го прогласат Тајм.мк за победник, па мораа да изберат друг победник.

  15. 3-4 дена по ред оди гласањето, fcinter.com.mk едвај собра 500 гласа, прв беше порталот со преку 100 над премин и преку 400 над dayli.mk
    и истиот ден неколку пати го проверив, слично беше со иста разлика помеѓу првите три.
    го отварив вечерта кај 21.00 саатот, 2 часа после последното логирање да видам како оди работава и пазете mafia.mk собра 929 гласа, за помалце од 2 саата собра повеќе од сите три први заедно и се позиционираше прв….
    следниот пат кога ќе објавувате не лажетет дека изборот го имаат корисниците, кажетет дека ја редите работата со блиски портали……….

  16. аман веќе од тоа детиште! незнам што гледате…јас само гледам двајца родители кои ненормално се поставиле и го терале детето да учи од мали нозе :Р
    браво за сите освен за „генијалецот“ и марнет

  17. Али најинтересно е како Mafia.mk победи на изборот за најдобар сајт во Македонија. Во водичот на играта има неколку чекори кои ви носат поени. Бидејќи се регистрирав баш кога започна изборов, знам дека еден од тие чекори беше: "Кликни тука и гласај за Мафиа.мк за најдобар македонски сајт".

    Освен тоа, мислам дека изборов треба да се преименува од "IT.com.mk награди" во "IT.com.mk признанија". Каде и кои се наградите? Верувам дека ќе се согласите дека не станува збор за награди, туку за признанија.

  18. Не реков дека се сите професори лоши, само „повеќето“. :)
    Инаку, T-Home држи високи цени не заради што така сака, туку бидејќи е обврзан да го изгуби монополот на пазарот. Незнам на кои услуги мислиш, но според мене, се` што нудат е врвно по квалитет во нашава државичка, за жал врвно е и по цена. Тука мислам и на услугата и на квалитетот. Кој, ONE да не ти се подобри случајно? ОнНет да можат и шамари ќе маваат по телефон… јака поддршка имаат…

    1. Па како прво мејли ни наплаќаа, во фирмата кога ги преместувавме просториите ни го исклучија фиксниот а никој не го побарал тоа ние побаравме релокација, кај се видело фирма да менува фиксен, на еден од клиентите им ја укинаа изнајмената аналогна линија демек морало дигитална да биде.и тоа без предупредување, и се борат со педерски финти сакаат да ни ги земат клиентите, да се вратиме на мобилната телефонија: колку пати ти се има случено да ти скинат пари од 200 за 200 или 500 за 200 или такви некои ситни превари со кредитот, има и многу идиотизам и со АДСЛ ама тоа е друга приказна

  19. сивус не е ИТ компанија туку е произодствена линија за с****. Погледнете ги проектите кои ги доставуваат … Значи најголема мизерија се и прават штета не само на клиентите туку и на кадарот – ги отупуваат младите и им вршат невероватен притисок. Дефинитивно најнепосакуваното место за работа ама што да се прави …

  20. Во врска со ВИП двојно се сложувам. Им треба огромно „ретуширање“ на некои од услугите кои ги нудат, а треба да претрпат и потешки технички подобрувања.
    Во секој случај, се сложувам и со нивната победа овде. Кој мислите дека требаше да победи? АМЦ кој вечно дава лажни реклами и лош квалитет? Некоја друга фирма која нема воведено никаква иновација уште од 1998? Или некоја програмерска куќа која се држи исклучиво на софтверот за книговодство поставен од 1993 и до ден денес само го подобрува, а не врши никаква револуционерна иновација или лансирање на нов производ?

    За Марко секоја чест. Малиот е закон и му посакувам само најдобро.

    1. Па имаме ИТ компании како Сивус, Нетцетера кои се квалитетни и големи по вработени, и работат по цел свет.

      А за FAIL дефинитивно е ТЕЛЕКОМ, Т_МОБИЛЕ, Т-ХОМЕ како и да се викаат посто воведуваат монопол на пазарот, укинуваат линии на клиенти без предупредување, услугите им се катастрофа а еве сега и СВОЈ ЧЛЕН ИМААТ И КАКО ДИРЕКТОР НА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ.

      Има добри професори како Владимир Трајковиќ и др. не се сите лоши

  21. Да, има професори на листата. За жал најчесто професорите во нашава држава се само пуфкаџии кои ништо не знаат, но се прават дека никој не знае колку нив. Повеќето лично би ги предложил за гласање на fail листата, зошто целта им е да се популаризираат, а не да ги научат младите генерации на она што го знаат, што всушност треба да им е примарна цел кога веќе земаат плата како професори.

    Лично, не мислам дека има местенка во целата приказна. Посебно не за МарНет, зошто факт е дека во XXI век, во ера на глобална компјутеризација, во време кога кафе може да се нарача преку интернет, тие нудат услуга која природно е електронска, а се регистрира како да сме во 19-ти век. Почнав да се плашам дека ќе ни препорачаат по гулаб да ги праќаме нарачките за посигурна достава до нив, токму зошто и поштата ни е fail како и МарНет :)

  22. зошто не ги објавите првите десет, а не само првиот?
    Сепак е добро да се знае кои се првите 10 секој во својата гупа номиниран

  23. Гласаа многу луѓе, а не сите се информирани. И која им е најпозната ИТ личност? „Ееј, она малото дете хакерот во мајкрософт шо работел“. 20.000 корисници, дечишта од мафиа.мк дојдоа тука и изгласаа по неколку пати од дома, од школо за мафиа. Единствено што и јас сумљам е за ВИП, иако ете ит.мк пишаа поинаку

  24. Абе малиов точно дека е бистар и дека го форсираат од дома и дека додека сите вежбаме на виртуелки он доби од влада цела лабораторија, ВИП е катастрофа на пазарот

  25. Од сите резултати само Марко Чаласан е реален.

    Мафија.мк е пријателски поврзан со ит.ком.мк
    ВИП Оператор им дава пари
    МАРнет го изгласаа ради реваншизам, како што се сеќавам поради проблемите што ги имаа со нив за ДНС серверите на ит.ком.мк кога го мигрираа сајтот, и за проблемите што им ги прават за домејнот.

    Изборов е своевиден приватен циркус на дилетанти кои врска немаат од ИТ

    1. Мафиа.мк имаше највеќе гласови од публиката, убедливо највеќе. Пријателски не сме поврзани, професионално сме поврзани со сите веб сервиси и стартапи во Македонија. За Вип си кажавме но пак беше компанијата изгласана од публиката. За Марнет, си заслужуваат.

      1. Честитки до победниците!

        Страна на годината (не многу корисно) но иновативно на нашиве простори, убава замисла.Продолжете со добрата работа.

        Личност, повторно донекаде се сложувам (очекував некој што со својата читај работа постигнал нешто) но и ова чудо од детенце вреди да се најде на ваква листа.Честитки ти посакувам одлична ит кариера.

        Читајки го тексот за вип добив впечаток дека они го измислиле таблетот дека без нив ке бевме заглавени со нокии 3310(каква иронија филијала нема телефонска врска со друга филијала),и не вип не беше изгласана од публиката(поправи ме ако грешам), но затоа честитки за постигнатото успеаа до некое ниво да ги донесат цените на услугите на некое нормално ниво во споредба со другите, иницираат намалување и на апаратите кои ги продаваат повторно во споредба со другите од таа бранша итн итн.

        Марнет итекако се сложувам огромон број на македонски сајтови се само .com баш поради односот и работата на оваа организација, ваљда ме радува промената ке биде под мио ама и тоа колку ке биде подобро ке почекам да видам некако предвреме радување кај нас непроаѓа.

        Лично мислење, и покрај сите апокалиптични најавувања вака ке биде онака ке биде мислам дека некако сосема нормално помина целиов натпревар ( нормално нели со пропратна очекувана ука бука од секогаш незадоволното македонче).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии