Победа за интернетот! Eвропскиот парламент ја одби ACTA

Eвропскиот парламент на денешново гласање го одби контроверзниот трговски договор ACTA. Интернетот убедливо издвои победа со 478 гласови против ACTA, 146 беа воздржани и само 39 го поддржаа договорот.

Сепак, ACTA договорот сѐ уште може да стане стварност во некои од земјите во светот кои не се во ЕУ. Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур и САД се меѓу потписниците на договорот, за кои не важат одликите на ЕУ, и можно е да го ратификуваат. Исто така, ова не треба да значи и дека ACTA во целост ќе ја снема, бидејќи можни се други варијанти на овој закон. ACTA договорот за кој се зборуваше со месеци нема да постои, но што понатаму?

Според Twitter профилот на Европскиот парламент, европарламентарецот Дејвид Мартин во 14 часот ќе одржи прес конференција и истата ќе можете овде да ја погледнете во живо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии