Победа и пораз за Сакса на првиот ден од Kiev Major

Започна еден од најголемите Dota 2 турнири кои се одржуваат секоја година, Kiev Major.  Секако турнирот ќе беше некомплетен без најдобриот македонски Dota 1 играч, Сакса кој заедно со останатите членови на Thunderbirds ќе се обиде да стигне што подалеку. Ова е прв официјален настан на Thunderbirds по разделбата со Digital Chaos.

За тимот на Thunderbirds првиот ден заврши со една победа и еден пораз. Двата натпревари беа речиси потполна спротивност. Откако речиси во целост доминираа против тимот на Liquid, во вториот натпревар против тимот на TNC Pro не успеаја да се наметнат.  По првиот ден Thunderbirds се на делба на петтото место, со уште пет други тимови. Следниот противник на тимот на Сакса се кинезите Team VGJ.

Групната фаза продолжува и денес и ќе трае до 27 април. Најдобрите 16, од 27-30 април ќе играат елиминациски натпревари. Елиминациите се играат најдобри од 3, а финалето е најдобар од 5 натпревари.

Првиот тим ќе освои 1 милион долари; вториот 500.000 долари, а учесниците во полуфиналете ќе освојат по 250.000 долари. Минатата година победник на Kiev Major беше кинескиот тим Wings Gaming.