По успешната поправка пристигнаа првите слики од Hubble

Дејан Соколоски

во Свет

NASA успеа да ја поправи грешката која ја спречуваше работата на Hubble и телескопот продолжи да работи како порано. По паузата подолга од еден месец конечно телескопот продолжува со следењето на вселенските тела, а веќе стигна и првите слики.

Поради грешка во „payload“-компјутерот на Hubble, телескопот од 13 јуни не собираше податоци. Инженерите тестираа различни комбинации на хардверот и сите тестови на примарниот и резервниот компјутер завршија со грешка која спречува читање и запишување од и во меморијата. Процесот на пронаоѓање на проблемот траеше речиси еден месец, но грешката е лоцирана, и сега веќе отстранета.

Минатата недела инженерите започнаа со префрлање од примарните на бекап системите. На 16 јуни и официјално потврдија дека и покрај стравувањата успеале да се префрлат на помошниот хардвер. Инженерите ги активираа резервниот систем за управување со напојувањето (Power Control Unit) и командната единица/систем за форматирање на податоци (Command Unit/Science Data Formatter). Истовремено сите останати системи на Hubble се префрлени на алтернативните поврзувања со кои се поврзани на резервните елементи, пренесе NASA.

Hubble е лансиран во вселената на 24 април 1990 година. Во 31-на година колку што работи, телескопот е „заслужен“ за дел од најголемите откритија во Вселената. Од Hubble се пристигнати податоци од над 1,5 милиони набљудувања. Благодарение на Hubble знаеме дека ширењето на Универзумот забрзува, што ја постави теоријата за темна енергија (dark energy).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии