По Twitter, Amazon и Google Maps, сега и Slack го напушта Apple Watch

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни

Паметниот часовник на Apple можеби има проблем. Повеќе високо профилни апликации прекинуваат со поддршка за часовникот. Најпрво својата поддршка ја прекинаа Twitter, Amazon и Google Maps, а сега и сервисот за колаборација Slack ја повлече апликацијата.

Причината за повлекувањето се чини е недостатокот на функционалност на апликациите. Twitter вели дека најдобриот и најкорисниот дел од апликацијата се нотификациите, но откако Apple ги интегрира во оперативниот систем, се чини дека нема потреба од специјална апликација.

Истото важи и за Slack. Сепак корисникот нема да може види коментари во кој е спомнат претходно. Еден од главните проблеми е немањето потреба од вакви сервисни апликаци, пренесе Engadget.

Со исклучок на ова, Apple има и повеќе од доволно причини за радост. Се чини дека се пред историски највисока заработка во тримесечје. Recode проценува дека компаниајта би можела да заработи и 90 милијарди долари, што ќе ги надмине и најоптимистичките проекции.

Сепак, некако се чини дека во светот на инвеститорите ништо не е потполно добро. Така експертите стравуваат дека волку голема заработка „собрала“ премногу пари од џебовите на корисниците, па следното тримесечје ќе биде полошо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии