По три години вредноста на Microsoft го надмина Alphabet

Дејан Соколоски

во Свет

Поминаа три години откако Microsoft како компанија вредеше повеќе од Google. Сега компаниите повторно си ги променија местата и Microsoft  е трета компанија по вредност, зад Apple и Amazon.

Вредноста на Microsoft е 759,71 милијарди долари, а вредноста на Alphabet 745,95 милијарди долари. Двете компании во минатото често се менуваа, но откако Google се реструктуираше во Alphabet компанијата се зацврсти пред Microsoft, вели Business Insider.

Промената на местата не се должи на пораст на акциите на Microsoft. Всушност акциите на двете компании паднаа, но акциите на креаторите на Windows паднаа помалку. Причината за падот и продажбата не е во нешто што го прават двете компании, туку политичката криза во Италија.

Двете компании се конкуренти во еден дел од бизнисот. Google го има пребарувачот, а Microsoft го има Bing. Двете компании имаат значителни инвестиции во облак сервисите, си конкурираат и со сервиси како Docs и Office и со One Drive и Google Drive.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии