По скандалот со таргетирање на „публика која мрази Евреи“, Facebook повторно најави промени

Најголемата друштвена мрежа по се изгледа ја призна својата грешка. Facebook ќе го зголеми бројот на прегледи од луѓе за прегледување на термините, откако алгоритмот не успеа да препознае антисемитско таргетирање.

Скандалот минатата недела го откри ProPublica. Проблемот го креира самиот алгоритам кој по критериуми кои му се внесувани сам си креира категории „Омраза на Евреи“ и „антисемитизам“. ProPublica внесуваше категории како „мрази Евреи“, „Втор амандман“, „Хителер не погреши“, а Facebook пронајде простор за рекламите. „Jew hater” и „Antysemityzm“(полски јазик) се двете категории за таргетирање.

Однесувањето на алгоритмот беше изненадување и за друштвената мрежа.

„Нема простор за омраза на Facebook – како Еврејка, мајка и човек, знам што може да произлезе од омразата. Тоа што воопшто се понудени термини за омраза е потполно несоодветно и е наша грешка“, вели Шерил Сандберг, од Facebook. „Кога ги видов овие зборови бев згрозена и разочарана – згрозена од чувствата, а разочарана од нашиот систем кој го дозволи ова“.

Друштвената мрежа веќе има тим од 4.500  вработени кои ги прегледуваат содржините. Тимот е креиран оваа година откако алгоритамот на друштвената мрежа не успеа да отстрани насилна содржина. По последното фијаско, друштвента мрежа најави проширување на овој тим, што секако е добра вест.

Facebook не е единствената компанија која има проблеми со термини за таргетирање. Слични проблеми имаат и Google и Twitter. Проблемите на Google главно се во „auto-complete“-резултатите. Twitter пак го има истиот проблем како и Facebook, овозможува пронаоѓање на публика со расистички навреди, пишува New York Times.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии