По рушењето на дронот, САД одговори со сајбер напад врз Иран

Се чини дека државите пронајдоа ново боиште на кое ќе може да војуваат. Минатата недела САД извршија серија сајбер напади со кои го ограничија капацитетот на Иран за ракетни напади. Сајбер нападите се извршени врз компјутерски системи со кои се управува со лансирањето и контрола на ракетите. Нападите врз Иран ги изврши Американската сајбер команда, во координација со  Централна команда на САД. Планирани се неколку недели, пренесе Washington Post.

Иако се планирани неколку недели, ако не и месеци и дел од подготовките биле завршени, нападите не започнаа пред Иран да ги нападне танкерите во Оманскиот Залив. Откако доби проценка за бројот на жртви, претседателот на САД, Доналд Трамп објасни дека иако било разгледувано, бомбардирањето на радарите и ракетните системи не би било соодветен одговор. Поради процената од 100 жртви во истиот ден, претседателот на САД ја повлече командата со која дозволи напад врз радарски и ракетни системи во Иран.

Со нападот системите за лансирање и наведување се неупотребливи. Како последица на  овие напади нема ниту една човечка жртва.

Нападот врз корпусот на Исламската револуционерна гарда е одговор на неодамнешните напади врз американскиот дрон како и нападите врз танкерите во Ормудскиот теснец. За нападите САД го обвинува Иран, но Иран тврди дека немаат врска со нападите.

Администрацијата на претседателот Трамп, предупреди на можен одговор на Иран. Поради ова ги повикаа не само институциите туку и приватниот сектор и индустријата да бидат повнимателни во овој период.

Не толку одамна, во февруари пред изборите во САД, во слична акција, беше привремено нарушен системот на руската Агенција за  интернет истражување. Оваа агенција беше посочувана како еден од виновниците за влијанието на дел од изборите во САД и Европа.

Веројатно она што е поинтересно е дека сега и војувањето е променето. Голем дел со системите стануваат неупотребливи сајбер напади и нема потреба да се ризикуваат човечки животи. Дополнително со постигнување на целта без употреба на сила ќе се намалат и жртвите. Секако ова не приоритет на луѓето кои ги координираат овие напади, но барем е некаква придобивка.