По првичното јавно надавање Zynga е оценета дека вреди 7 милијарди долари

Zynga, компанијата зад друштвените игри како FarmVille и Mafia Wars, е проценета на околу 6 до 7 милијарди долари по првичното јавно надавање. Zynga од пред една недела понуди 100 милиони акции на продажба по почетна цена од 10 долари. Но, на берзата цената на акциите на Zynga падна на 8,50 до 10 долари. Ова е значително помала процена од времето кога првпат ги најавија своите планови за излез на берза, кога компанијата се надеваше дека ќе биде проценета помеѓу 15 и 20 милијарди долари.

Според експертите, оваа проценка е значително намалене како последица од сомнежите за иден пораст на компанијата и зголемување на профитот. Сепак по завршувањето на првиот ден од тргувањето со акциите, нивната цена беше 9,05 долари.

Најголемиот број од луѓето кои ги купуваат акциите на Zynga ги купуваат поради фактот дека до сега гигантот нема вистинка конкуренција во понудата на друштвени игри. Моментално тие имаат 227 милиони корисници месечно и 54 милиони активни дневни корисници, а се надеваат дека со порастот на Facebook, бројот на луѓе кои играат друштвени игри ќе порасне над една милијарда долари. Аналитичарите предвидуваат дека Zynga ќе мора да се насочи и кон преносните платформи особено кон „паметните“ телефони.

Моментално Zynga има четири игри од најиграните пет игри на Facebook, а 59% од приходите ги имаат од три игри. Сепак според договорот кои го имаат со Facebook, Zynga задржува 70% од парите на играчите. Дел од игрите кои Zynga досега им ги претстави на играчите се CityVille, FarmVille, Texas Hold’em и Mafia Wars.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии