По продажба на телефони Samsung го помина Apple и во САД

Дејан Соколоски

во Мобилни

Samsung, по три години повторно е на врвот на продажба на паметни телефони во САД. Компанијата успеа од првото место да го „симне“ Apple кој кога телефоните и таблет компјутерите се во прашање е на врвот.

Samsung одамна е води во глобалната продажба, но по 3 години можат да се пофалат дека најмногу продаваат на сите важни пазари (само последниве три месеци). Во САД Samsung успеа да продаде дури 33,7 отсто од телефоните во период од јули до септември. Во истиот период Apple стигна до 30,2 отсто. Колкава е поделеноста на врвот најдобро се забележува од разликата до третиот LG кој учествува во продажбата со 14,7 отсто од телефоните.

Најголем придонес за зголемената продажба имаат поевтините модели на телефони, а и дел од поскапите модели на Samsung, поминаа добро, вели The Next Web.

Сепак веројатно најголем дел во намалената продажба на Apple има улога пандемијата и поместувањето на претставувањето на новите телефони за неколку месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии