Кинескиот пандан на Amazon, Alibaba наскоро ќе го претстави својот асистент. Станува збор за паметен звучник, речиси копија на Amazon Echo.
Како и Amazon, и Alibaba започнува на домашниот пазар. Паметниот звучник започнува со продажба во Кина. Со ова Alibaba им се приклучува на Amazon и Google кои веќе имаат паметни звучници. Apple од своја страна пак, со iPhone го има можеби и најраспространетиот уред за управување со домот.
Уредот на Alibaba има огромна предност пред Echo. Компанијата го креира паметниот звучник да комуницира на кинески. Alibaba не е единствената компанија која продава паметни звучници во Кина, повеќе компании веќе имаат конкуретни производи. Најголемите кинески конкуренти на Alibaba, JD веќе продаваат паметен звучник, а и Baidu робот асистент.
Со звучникот на Alibaba веднаш со гласовни команди ќе може да се купуваат производи од продавниците на Alibaba, како Taobao и Tmall, јави Wall Street Journal.