По победата во Букурешт, македонската апликација TweetsPie оди на DroidCon Berlin

За Иван Димоски, неговата TweetsPie апликација за Android и iOS која ги филтрира твитовите и ги прикажува само најретвитуваните, беше најдобрата на стартап натпреварот во Букурешт. Самодовербата во продуктот и презентацијата се исплатеше бидејќи TweetsPie го освои првото место на Droidcon Eastern Europe, една од поголемите регионални конференции за Android на кој што се споделуваат идеи за технологијата, стартапи и нови апликации.

„Навистина имаше силна конкуренција, брилијантно реализирани и корисни апликации со локална димензија (Србија, Словенија, Македонија, Бугарија и Романија) се најдоа во потесниот круг, меѓутоа како и се друго друго во животот презентирањето на производот е тоа што остава впечаток кога имате помалку од 10 минути на сцена.“, вели Иван.

Победата на регионалниот Druidcon во Букурешт автоматски го води Иван и TweetsPie на големиот Droidcon Berlin во април. Таму ќе има уште една шанса да ги импресионира „големите играчи“ како производителите и инвеститорите, но и можност да запознаат истомисленици и нови соработници со кои ќе се дојде до поквалитетен и поуспешен продукт.

Ваквите шанси се ретки и треба да се искористат, посебно ако сте стартап од Македонија. Веќе има неколку стартапи кои успеваат да се пробијат, но за жал, само надвор од земјава бидејќи тука нема ниту интерес финансиски да се поддржи стартап културата, иако со TweetsPie, Иван ја имаше поддршката од македонската Twitter заедница која сподели фидбек и предлози за дизајн за апликацијата. Секако и Android заедницата имаше свој удел во промовирање на апликацијата.

„Тоа што ме радува е што во Македонија значително се подобри квалитетот на ИТ кадарот кој можеме да го понудиме и со еден таков квалитет на изработка македонските менаџери лесно можат да добијат странска тезга. Мое предвидување е дека наскоро ќе се создаде потребната критична маса од програмери, дизајнери и менаџери/маркетари кои наместо да нудат B2B услуги на странски компании ќе се здружат за да создадат свој производ кој ќе биде конкурентен на оние од Силициумската долина.“, вели Иван.

Оваа прва голема победа, која се надеваме нема да биде и последна, е поттик за Иван да продолжи со развивање на TweetsPie „во свое слободно време со свои финансии“. Можеби наскоро ќе видиме и поддршка за повеќе Twitter профили.

2 коментари на “По победата во Букурешт, македонската апликација TweetsPie оди на DroidCon Berlin

  1. Истата апликакција која комисијата на АЕК ја сметаше за неинтересна и некорисна и не и додели награда.. Честитки за Медо.. само напред

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии